Во Северна Македонија се одржа конференцијата „Бездржавјанство во Југоисточна Европа“

October 17, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, во Скопје се одржа регионална конференција на тема „Бездржавјанство во Југоисточна Европа“, јавува Анадолу.

Организатори на конференцијата беа Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), Мисијата на ОБСЕ во Скопје, високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ и Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

На отворањето на конференцијата, говори имаа претседавачот на ОБСЕ, воедно и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, помошник високата комесарка за заштита во УНХЦР, Џилијан Тригс, високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдрахманов, директорот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ, Матео Мекачи, и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.

Во изјава за медиумите, министерот Османи рече дека целта на оваа конференција е да се најде решение за феноменот на лицата без државјанство на кои им се ускратени основните права. Според Османи, станува збор за неколку милиони лица во светот.

„Со оглед на тоа што Северна Македонија дури во последната година направи измени на законот за да овозможи системско решение на прашањето за лицата кои се без државјанство, нашата амбиција е да бидеме првата земја во Европа која нема да има свој граѓанин без државјанство“, рече Османи.

Претставничката на УНХЦР, Џилијан Тригс, рече дека правото на државјанство е основно право и клучно за стекнување други права, додавајќи дека за да се стави крај на бездржавјанството, потребна е континуирана политичка волја.

„Последиците се тешки за поединците и семејствата доколку немаат државјанство, а тоа се одразува на целото општество. Кога еден сегмент од општеството е лишен од можности да придонесе, тоа обично има негативно влијание врз општествениот и економскиот развој на таа земја. Затоа, ја поздравувам континуираната посветеност на владите во овој регион, постигнат е многу реален напредок“, рече Тригс.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, зборуваше за важноста на конференцијата, како и ја поздрави посветеноста на Северна Македонија за елиминирање на бездржавјанството.

„Кога ја презедов функцијата пред 10 месеци, имаше приближно 700 нерегистрирани лица. Но, денес, од утрово, бројките паднаа на 216. Се надевам и верувам дека со континуирана политичка волја и посветеност, ќе успееме да ги намалиме тие бројки на нула до крајот на оваа година“, рече Вал.

На конференцијата присутни беа националните власти и претставници на граѓанското општество од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали демократијата стварно треба да му се радува на Туск?

Следно

Израел го бомбардира Кан Јунис и јужниот дел на Газа, каде што ги повика цивилите да се засолнат

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop