Дали демократијата стварно треба да му се радува на Туск?

1 min read

„Демократијата победи“, радосно изјави Доналд Туск во неделата, откако дозна дека неговите ривали го губат мнозинството на парламентарните избори. Популистичката и евроскептична Право и правда доби најмногу гласови, но изборите отворија пат за централно-десничарската Граѓанска платформа на Туск да ја предводи новата коалициска влада.

Туск не е единствениот што полските избори ги доживува како победа на демократијата. Официјален Брисел и огромен дел од меѓународниот печат ги третираа овие избори како егзистенцијална битка помеѓу она што значи враќање на демократските норми (со Туск) и уште подлабоко понирање во популистичкиот наратив (на Право и правда).

„Има голем проблем со ваквото кадрирање. Доналд Туск не е пријател на демократијата. За време на неговите пет години како претседател на Европскиот совет, тој неуморно работеше за да ги фрустрира демократските желби на луѓето, и зад сцената и на отворено“, потсетува Фрејзер Мајерс.

Кога 17,4 милиони Британци гласаа за напуштање на ЕУ во 2016 година, давајќи му на Брегзит најголем демократски мандат во историјата на земјата, Туск не се ни преправаше дека тоане го сфаќа сериозно. Пред референдумот, тој приватно го предупредил тогашниот премиер Дејвид Камерон дека и самиот чин на гласање за членство во ЕУ, оставајќи ја јавноста слободно да го каже своето мислење, би бил „толку опасен… толку глупав“.

„Според човекот кој сега се претставува како шампион на демократијата, големите политички одлуки не треба да ги носи народот. Дури и четири години по одржувањето на „глупавиот референдум“, како што тој постојано го нарекуваше, Туск не беше подготвен да го прифати резултатот па гласно размислуваше дека ќе има „посебно место во пеколот“ за брегзиташите“.

Туск јавно предвидуваше дека ако излезе од ЕУ, Британија ќе стане аутсајдер и второкласен играч, но признаваше и дека и под маса работи против исходот од референдумот, велејќи дека направил сè да го одложи процесот и Британците евентуално да го сменат мислењето. 

„Ете што имавме, неизбран функционер на ЕУ кој признава дека ја користел сета своја моќза вештачки да го забави процесот на Брегзит во обид да принуди промена на мислењето. Да се поништи референдумскиот резултат. Да се замолчат изразените демократски желби на 17,4 милиони гласачи за заминување.“

Туск и неговите сојузници во Брисел очигледно имаат многу орвелско разбирање на поимот демократија. На она што секој кој доживува како  „владеење на народот“, олигарсите на ЕУ додаваат и „додека тоа е во согласност со нашите желби“.

 

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Незаборавно музичко патување со Роман Симовиќ, концерт-мајсторот на Лондонскиот симфониски оркестар и „Профундис“

Следно

Во Северна Македонија се одржа конференцијата „Бездржавјанство во Југоисточна Европа“

Latest from Blog