Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

October 31, 2026
1 min read
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка.
Ова е проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со оштината, каде вкупно се инвестира околу 30 милиони денари.
Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:
“Денеска сме во посета на Општина Кичево, да видиме како оди со реализацијата на инфраструктурните проекти. Преку различни програми кои што ги има Владата, вкупно инвестираме околу 360 милиони денари или околу 6 милиони евра во инфраструктурен развој на Општина Кичево. Секако дел од тие проекти е и улица “Рудничка”, на која што сме во моментов, каде што добро се одвиваат работите. Вовед во градежни активности имаше на 15. октомври и во рок од 6 месеци истата треба да биде завршена, едно убаво булеварско решение. Ова е втората фаза, првата фаза веќе се заврши, ја работевме заедно со Светската банка, така што кога ќе се заврши и втората фаза, ќе имаме еден прекрасен булевар кој што ќе се протега во овој дел на градот. Продолжуваме и со поддршка на Општината во соработка со градоначалникот, со пратеникот и со сите останати кои што даваат поддршка на Општината, со цел реализација на нови проекти. Веќе зборуваме за нови проекти, а сега тука се и најголемите проекти за Кичево, тоа е автопатот Охрид-Кичево, каде што имаме одлична динамика. Тука е автопатот Кичево-Букојчани кој што почна да се гради на 11 октомври. Ќе продолжиме да го поддржуваме Кичево” – изјави Николоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на
Go toTop