МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

October 22, 2026
1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота по протестите против зголемувањето на трошоците за живот.

– Бевме сведоци и на политички и на бунтовнички дејствија, предводени од организирани крајнолевичарски групи кои се стремат да ја урнат републиката – нагласи Макрон по завршувањето на состанокот во Елисејската палата, на кој присуствуваа претставници на безбедносните служби, критикувани дека не ги предвиделе протестните активности кои се случуваат половина година пред претседателските избори.

Тој истакна дека овие групи преземаат одговорност за внимателно планираните акти на насилство, додавајќи дека кривичните дела мора да се третираат со најголема строгост.

– Илјадници луѓе беа уапсени, неколку стотици беа испратени во затвор, а работата продолжува. Министерот за правда со право побара од обвинителството да постапува со најголема строгост – додаде Макрон, кој за утре наутро свика состанок на Националниот совет за одбрана и безбедност.

За оваа сабота се најавени нови протести низ Франција, а на улиците ќе бидат распоредени 20 проценти повеќе припадници на безбедносните сили отколку минатата недела, соопшти Жан-Дидје Берже, делегиран министер во Министерството за внатрешни работи.

Макрон предупреди дека во наредните денови ќе бидат одобрени само протестите организирани од синдикатите, а за сите останати ќе се издаваат забрани секогаш кога тоа е можно. За синдикалните маршеви, префектите ќе понудат алтернативни маршрути.

Поради најавите за нови протести, трговските објекти во центарот на Париз веќе ги заштитуваат излозите со дрвени плочи, а луксузниот бренд „Ермес“ ги засили безбедносните мерки. Во Орлеан властите исто така се подготвуваат за можни судири, бидејќи партијата „Национален собир“ на Марин Ле Пен планира годишен митинг, а крајнолевичарски групи и синдикати најавија контрадемонстрации.

Францускиот премиер Себастијан Лекорни в понеделник ќе одржи средби со претставници на ученички, студентски, наставнички, синдикални и работодавачки организации, како и со локалните власти и пратениците, со цел да се разгледаат нивните барања. Во обраќањето до нацијата во неделата вечерта, Макрон изрази надеж дека младите ќе седнат на преговарачката маса за заеднички да изнајдат решенија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Latest from Blog

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани

Руни жестоко го нападна Бруно Фернандеш: „Го фрли Карик под автобус, тоа не е лидерство“

Убедливиот пораз на гостувањето кај Комо како да го урна и она малку позитивно што го следеше Манчестер јунајтед од почетокот на сезоната. Освен дебаклот на теренот, дополнителни реакции предизвикаа и зборовите
Go toTop