„Пригожин си потпишал смртна казна кога поверувал во ‘гаранциите на Лукашенко’ и ‘чесниот збор’ на Путин”

August 23, 2023
2 mins read

Ова е еден од коментарите што стигнуваат по објавата за уривањето на авионот на чиј список на патници, како што јавуваат руските државни медиуми, бил и Евгениј Пригожин, шефот на „Вагнер” кој во јуни тргна со конвој кон Москва, незадоволен од начинот на кој рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги раководи нападите на Украина, за по неколку часа да се откаже

Руската државна воздухопловна управа „Росавијација“ соопшти дека специјално формирана комисија започнала да ги истражува околностите и причините за падот на „Ембраер-135“ во регионот Твер. И Рускиот истражен комитет соопшти дека отворил „кривичен случај“

ФОТО: Принтскрин

Руските власти соопштија дека веќе отвориле две истраги за падот на авионот на чиј список на патници бил и шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин – пренесува Си-ен-ен.

Руската државна воздухопловна управа „Росавијација“ соопшти дека специјално формирана комисија започнала да ги истражува околностите и причините за уривањето на авионот „Ембраер-135“, што се случи во регионот Твер.

Во соопштението се вели дека авионот припаѓал на „МНТ-Аеро ДОО“, која е специјализирана за деловен транспорт.

Според прелиминарните податоци, во авионот, кој летал од Москва за Санкт Петербург, имало седум патници и тројца членови на екипажот, се додава во соопштението.

„Комисијата на Федералната агенција за воздушен транспорт започнува со првични дејствија на местото на несреќата, а започна и собирање на фактички материјали за обуката на екипажот, техничката состојба на авионот, метеоролошката состојба на рутата на летот, работата на диспечерските служби и копнената радиоопрема“,

се додава во соопштението.

За анализа ќе се бараат и записите од „црната кутија“.

И Рускиот истражен комитет соопшти дека покренал „кривичен случај“ по падот на авионот „Ембраер легаси“.

Комитетот соопшти дека случајот е заснован на член 263 од Кривичниот законик на Руската Федерација, кој вклучува прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот и функционирање на воздушниот транспорт.

„Увидна екипа е на пат кон местото на настанот. Ќе бидат направени сите потребни вештачења, а ќе се спроведат и истражни дејствија за утврдување на причините за несреќата“,

се додава во соопштението.

Во врска со авионската несреќа во Русија информиран е и американскиот претседател Џо Бајден, соопшти Белата куќа.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека „никој не треба да биде изненаден“ ако се потврдат извештаите дека основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, бил во урнатиот авион.

„Ги видовме извештаите. Ако се потврди, никој не треба да биде изненаден. Катастрофалната војна во Украина доведе до марширање на приватна војска кон Москва, а сега – се чини – до ова“,

се вели во соопштението од портпаролот на Советот, Адриен Вотсон во соопштението.

На социјалните мрежи околу падот на авионот се огласи и Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на Твитер порача дека „во врска со Пригожин треба да се почека да се расчисти маглата на војната“.

„Сепак, јасно е дека Путин никому не простува за сопствениот ѕверски страв – оној што го поништи во јуни 2023 година – и го чекаше моментот. Очигледно е и дека Пригожин потпишал специјална смртна казна за себе во моментот кога поверувал во чудните ‘гаранции на Лукашенко’ и во не помалку апсурдниот ‘чесен збор’ на Путин“,

напиша Подољак.

Подољак додава дека отстранувањето на Пригожин и командата на „Вагнер“ два месеца по обидот за пуч, е сигнал од Путин до руските елити пред изборите во 2024 година.

„Пазете се! Нелојалноста е еднаква на смрт“,

додава тој.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Евентуалнoто загинување на Пригожин во авионска несреќа не би било изненадување, тврди претставник на Белата куќа

Следно

Русија: 10 загинати во авионска несреќа меѓу кои и шефот на „Вагнер“, Пригожин

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop