65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

July 12, 2025
1 min read

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер Хуангчи и Филхармонијата на Македонија, под диригентство на Едвин Аутвотер од САД. На програмата се „Пајдушко” од Дамир Имери, симфониски танци од „Приказна од западната страна” од Леонард Бернштајн и „Рапсодија во сино” од Џорџ Гершвин.

Хуангчи е родена во Рочестер, Њујорк. На многу рана возраст започнува да учи пијано и во 1999 година е поканета да настапи во Белата куќа. Студирала со Гери Графман и Еленор Соколоф на Институтот „Куртис“, пред да се пресели во Хановер и да продолжи да студира со Ари Варди. Нејзината кариера започнува да оди во нагорна линија откако освојува високи награди на натпреварите АРД во Минхен, на натпреварот „Геза Анда“ и гран-при на Академијата за свирење и диригирање во Париз. Оттогаш често се јавува во двојна улога – како солист и диригент. Таа е амбасадор на издавачката куќа „Хенле“ и уметнички директор на серијата Камерни концерти во Ербах. Критиката  вели дека „ ја одушевува публиката со нејзината виртуозност, уметнички сензибилитет, чувство за интеракција и суптилна драматургија“.

Аутвотер е еден од диригентите кој ги крши стандардните рамки на концертните доживувања и како куратор и продуцент, и е познат по неговиот динамичен пристап и крос-овер проекти во кои успешно ги спојува различните музички жанрови. Работи со различни високопрофилни уметници од бендот „Металика“, преку Винтон Марсалис, Рене Флеминг, Јо-Јо Ма.

Аутвотер е шеф диригент на Музичкиот конзерваториум во Сан Франциско каде раководи со ансамблите и е дел од револуционерните уметнички проекти на оваа образовна институција. Од 2024 година е назначен за постојан гостин диригент на Концертниот оркестар на „Би-Би-Си“, а во периодот од 2007 до 2017 година е музички директор на Симфонискиот оркестар „Китченер-Вотерлу“. Неговиот проект со Симфонискиот оркестар на Чикаго „Фантастична филхармонија“ доби Греми награда.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

Следно

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop