Наместо правда, застарени случаи – Твитер: „Бројчаникот врти колку ќе му платиме на Мијалков“

October 21, 2023
2 mins read

реклама


„Тоа обвинителство кое ќе гони висока корупција од денес, од вчера, од утре ќе биде и за нас ако било кој од нас ја пушти раката во државните пари. Без правна држава ние нема да ја видиме Европа ни на карта“.

Ова претседателот на државата Стево Пендаровски го зборуваше во неговата изборна кампања пред 4 и пол години. Деновиве тој во интервјуто за ТВ21 говорејќи за измените на Кривичниот законик, кој иако ги оцени како лоши, сепак го потпиша указот. Тој се обиде да ја сврти темата и вели дека во правниот систем има забошотување на правдата.

„Еве да се вратиме на случајот што ви го спомнав со Сончев град. Во обвинението стои дека Миле Јанакиески тоа го направил, кривично дело наводно во 2007 година. Како доаѓа, 16 години подоцна знаете до каде сме со тој случај? Само до првостепена пресуда. Значи не е до второстепена дојдено. Јас би сакал да го свртиме вниманието кон судиите кои ги држат предметите во фиока дали самостојно, дали под влијание на политичка и економска моќ и да видиме зошто го прават тоа.“, вели Пендаровски.

реклама

Измените во Кривичниот законик ги урна сите дела од поголеми размери и тоа главно отворени од Специјалното јавно обвинителство а двајцата братучеди Груевски и Мијалков се спасија од одговорност. Министерот Оливер Спасовски во емисијата „Трилинг“ три пати запрашан дали се срами од одлуката да се донесат вакви измени вели измените на законот се лош момент.

„Одговорност мораше да има за било кого кој што учествувал во такво незаконско прислушување или за било кој друг вид на криминал и мислам дека тоа е нешто што и го очекуваа граѓаните и сме одговорни пред граѓаните токму за таа работа. Измените на Кривичниот законик сигурно дека допринеле до таа работа и сметам дека тоа е навистина лош момент“, изјави Спасовски.

И премиерот Ковачевски одбегна да одговори за застарувањето на делото на Мијалков со големото прислушување.

„Јас никогаш не сум коментирал судски постапки. Тоа што е карактеристично е што се работи за случај, од она што е достапно јавно, кој што е започнат уште во 2015 година кој што е во второстепена постапка веќе три години, меѓутоа во текот на тие 8 години не бил завршен како случај. Така што сите одговори за ефикасноста во однос на решавањето на случајот и во однос на текот јас не би можел да ги дадам, тоа може да го дадат единствено оние кои што работеле на истиот.“, вели Ковачевски.

Со измените на Кривичниот законик застаруваат Таргет Тврдина, Тендери, Титаник, ТНТ, Талир, Траекторија. Груевски се ослободува од случаите ТНТ и Траекторија веднаш а по една година и од Тенк. Се запираат и случаите Кинески автобуси за Јанушев и Топлик и ТНТ за Јанакиески. Во случајот Моќник Милошоски се спаси од едно од двете обвиненија покренати за него. Но најголема реакција предизвика застарувањето на Таргет Тврдина во кој обвинет беше екс директорот на УБК Сашо Мијалков за прислушување на 20 илјади граѓани.

„Бројчаникот да врти колку пари ќе му вратиме на Мијалков“ е една од твитер реакциите поради тоа што покрај тоа што нема да одговара туку и за него како и за другите застарени предмети веројатно ќе следува и барање отштета.

реклама

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Во Газа се убиени 16 палестински новинари“, објави МФН

Следно

(ВИДЕО) Мост „Беласица“: Кога и експертите ќе стивнат

Latest from Blog

ВЛЕН: Изјавата на српската министерка е опасна и неприфатлива

ВЛЕН остро реагираше на изјавата на српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, која во интервју за српска телевизија изјави дека, доколку тогашниот претседател Слободан Милошевиќ имал целосна слобода

МБИ10 заврши во позитива – над 26 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 14.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.156,14 поени. Во

Дешамп: Свесни сме дека ова може да биде најспектакуларниот натпревар на турнирот

ФОТО: Équipe de France de Football/FB Гигантите на светскиот фудбал, Шпанија и Франција, вечерва ќе се борат во Далас за место во финалето на Светското првенство. Судирот ќе биде помеѓу актуелните европски

КОЛКУ ЗАГУБИЛЕ АМЕРКИАНСКИТЕ БИЗНИСИ од санкциите проив Русија. Толку што барат нивно укинување

Санкциите наметнати врз Русија предизвикаа директни загуби за американските бизниси од над 100 милијарди долари во 2025 година, изјави Роберт Ејџи, претседател на Американската стопанска комора во Русија (AmCham), во интервју за

Обезбедени дополнителни 2 милиони денари за два нови центри за жртви на семејно насилство

14 јули 2026, Скопје – Повеќе средства се обезбедуваат за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Преку прифаќање на амандман во
Go toTop