„Во Газа се убиени 16 палестински новинари“, објави МФН

October 21, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 16 палестински новинари се убиени од избувнувањето на судирите во Газа на 7. октомври, соопшти вчера Меѓународна федерација на новинари (МФН), известува Анадолу.

Федерацијата со седиште во Брисел соопшти дека повеќе новинари се повредени, додека има и новинари кои се водат за исчезнати.

„Меѓународна федерација на новинари (МФН) и Палестинскиот новинарски синдикат (ПНС) ги осудуваат овие убиства и продолжувањето на нападите врз новинарите. МФН повика на итна истрага за нивната смрт“, се вели во соопштението.

Федерацијата објави и дека ги проверува информациите за други новинари кои се убиени во војната во Газа.

Новинарите се повикуваат да „преземат мерки на претпазливост, да ја носат професеионалната безбедносна опрема и да не патуваат доколку нивните медиуми не им ја дадат сета професионална безбедносна опрема потребна за следење на настаните“.

„Ниту една приказна не е вредна за животот на новинарите“, се вели во соопштението.

МФН претставува над 600.000 новинари во 146 земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мировен самит во Каиро: „Го осудуваме меѓународниот молк за ситуацијата во Газа“

Следно

Наместо правда, застарени случаи – Твитер: „Бројчаникот врти колку ќе му платиме на Мијалков“

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop