Запре крвичната постапка за Таргет-Тврдина во делот за нелегалното прислушување

October 17, 2023
2 mins read

реклама


Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата. Трошоците за водењето на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на државата. Судијата Илија Трпков, на денешното рочиште за случајот со нелегалното прислушување од јуни 2017 година, во Основниот кривичен суд Скопје, рече дека кривичниот совет го имал во предвид предлогот на јавниот обвинител изнесен пред почетокот на денешната главна расправа за предметот. Јавната обвинителка Ленче Ристовска, на почетокот на денешното рочиште предложи Судот да ги примени измените на Кривичниот законик врз точките еден и два од обвинението за случајот “Таргет-Тврдина” кои се поблаг закон за обвинетите и да го примени соодветно материјалниот закон за застареност на кривичното гонење за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност, додека главната расправа да продолжи за точка три од обвинението, за што ќе се произнесе во завршен збор. Јавната обвинителка Ленче Ристовска, на почетокот на денешното рочиште рече дека по однос на точка 1 и 2 од обвинението има основ за примена на поблаг закон, а тоа се измените на КЗ, од 7 септември 2023 година. – Со точка 1 од обвинението на обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков и Надица Николиќ им се става на товар кривично дело злосторничко здружување, додека за Владимир Варелов, Васил Исаковски и Маријан Шумуликоски од став 2. Согласно измените намалени се казните на кривичното дело злосторничко здружување, па така предвидени се казни до 3 и 2 години. Со став 2 од обвинението на обвинетите им се става на товар дека со злоупотреба на службена положба и овластување потешко ги повредиле уставно загарантираните права, па преку злоупотреба на системите за комуникација без судска наредба овозможиле следење. Со измените највисоката запретена казна за ова дело е до 3 години. Сметам дека има основ за примена на поблаг закон, а тоа се измените на КЗ и предлагам судот да донесе соодветна одлука, со која ќе ги земе во предвид и соодветно да го примени материјалниот закон за застареност на кривичното гонење за делата. По однос на точка 3 од обвинението предлагам судскиот процес да продолжи, изјави обвинителката Ристовска. Судечкиот совет, се повлече за одлучување и се произнесе по пауза од половина час. По одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот, тој на почетокот на годинава беше вратен на повторно судење и беше распределен кај судијата Илија Трпков. Во овој предмет со обвинението опфатени се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

УНИЦЕФ: Децата и семејствата во Газа практично останаа без вода

Следно

Венко Филипче: Не стигнала информација до мене дека во 2020 година на Онкологија сестрата крадела цитостатици

Latest from Blog

„Секој граѓанин е важен“ – Тоневски на стартот на мандатот во Пробиштип

Со голема чест и одговорност, Тони Тоневски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пробиштип, нагласувајќи дека оваа позиција не е привилегија, туку обврска која се носи со посветеност и почит кон сите

ИМА БЛОКАДИ НО, ИМА И ИНВЕСТИЦИИ ПРОТИВ БЛОКАДИТЕ: Кинези во Србија ќе градат фабрика на 100 хектари

Кинескиот текстилен гигант„Гуан Нан“ најави изградба на фабрика во Србија. Инвестицијата ја потврди и потпретседателката на српската влада и министер за економија Адријана Месаровиќ за време на посетата на Изложбениот центар за

Околку 700 полицајци беа ангажирани, шестмина лица се уапсени пред мечот Астон Вила и Макаби

Шест лица беа уапсени во близина на Вила Парк во Бирмингем за време на неколку про-израелски и про-палестински протести. Протестите се одржаа пред натпреварот од четвртото коло на Лигата на Европа помеѓу

Баланс+ – за подобра исхрана и квалитетен живот кај лицата со дијабет

Функционалниот јогурт Баланс+ ја продолжува својата мисија за промоција на здрав и балансиран начин на живот, насочувајќи ја својата поддршка кон лицата со дијабет. Преку брендот Баланс+, Бимилк обезбедува поддршка за едукација
Go toTop