Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, вели дека до него како министер не стигнала информација оти во 2020 година на Клиниката за онкологија имало медицинска сестра што крадела терапија.

Не стигнала до мене информација дека се истражува или дека се случила таква работа тогаш, рече Филипче пред собраниската анкетна комисија за скандалот на Клиниката за онкологија.

Филипче нагласи дека за време на неговиот мандат немало пропусти во работата на Клиниката. За паралелниот увоз на лекови и дали имало увезување фалсификат лекови, Филипче истакна дека од 2018 година во Македонија се носат лекови со европски сертификат за сите пациенти што дотогаш ги немало во државата.

Политичката одговорност треба да се бара претходно, зошто немало лекови, односно имало, ама само за мал број пациенти. Не сум дал иницијатива да се воведе КАТО-систем. Ако сум дал предлог, ќе сум го имплементирал. До моментот на моето доаѓање на функција не сум знаел ништо за Клиниката за онкологија, рече Филипче.

Пред собраниската анкетна комисија за скандалот на Клиниката за онкологија денес сведочат поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, и актуелниот министер, Фатмир Меџити.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.