Вучевиќ поднесе оставка, оставка и од градоначалникот на Нови Сад

January 28, 2025
1 min read

Српскиот премиер Милош Вучевиќ во моментов одржува вонредна прес-конференција на која ја соопшти својата „неотповиклива“ одлука да поднесе оставка од функцијата.

Вучевиќ информира дека утрово разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ кој ја прифатил неговата одлука.

Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка, соопшти денеска Вучевиќ.

Вучевиќ рече дека тој и Ѓуриќ се чувствуваат одговорни за синоќешниот инцидент во Нови Сад кога студенти кои го блокираа Филозофскиот факултет соопштија дека биле нападнати при што неколкумина од нив се повредени.

– Синоќа околу три часот физички беа нападнати студенти во Нови Сад. Една девојка е сериозно повредена, моментално се наоѓа во Клиничкиот центар на Војводина, вилицата е изместена и има повреди по целото тело, има уште неколку ученици со полесни повреди, се вели во соопштението на студентите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

⁠Од Мерсин исплови „14. брод на добрината“ за да достави хуманитарна помош во Газа

Следно

Заштита на личните податоци-клуч за правата на поединците и развој на правосудниот систем

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop