Заштита на личните податоци-клуч за правата на поединците и развој на правосудниот систем

January 28, 2025
1 min read

Правото на приватност и заштита на личните податоци се фундаментални права на секој поединец, кои мора да бидат заштитени и почитувани во сите сфери на животот, вклучувајќи го и правосудниот систем,  констатирано е на настанот насловен „Правна рамка на ЕУ за заштита на личните податоци и правото на приватност во правосудството” организиран од Центарот за правни истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители и Македонското здружение на млади правници.

Одбележувајќи го Европскиот ден за заштита на лични податоци,  министерот за правда Игор Филков во своето обраќање на настанот, како што соопшти Министерството за правда, посочил дека правосудниот систем е еден од најчувствителните области кога станува збор за обработка на лични податоци.

-Во процесот на водење на судски постапки и истраги, често се обработуваат чувствителни податоци кои можат да имаат сериозни импликации за правата и слободите на поединците. Затоа е важно да се осигураме дека секоја обработка на такви податоци ќе биде вршена со највисоко ниво на заштита и почитување на приватноста.Личните податоци се основна компонента на правото на приватност, кое е гарантирано со Уставот и меѓународните документи.Заштитата на овие податоци не е само правен, туку и етички императив кој ги штити граѓаните од злоупотреба. Задача на државата е да обезбеди правна сигурност за сите граѓани преку создавање на стабилна правна рамка која гарантира заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци во сите сфери на животот, истакнал министерот Филков.

Од Министерството за правда посочуваат дека Република Македонија активно работи на усогласување на своето законодавство со европските правила за заштита на личните податоци, со цел да се обезбеди висока заштита на приватноста на граѓаните.

-За успешна заштита на личните податоци потребна е тесна соработка меѓу сите заинтересирани страни, како и размена на знаење и Обуката за заштита на лични податоци ќе помогне во градењето на капацитети и размена на искуства кои ќе придонесат за понатамошно усогласување на законодавството со европските стандарди, се наведува во соопштението.

Настанот беше организиран како дел од ЕУ проектот „Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот”. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучевиќ поднесе оставка, оставка и од градоначалникот на Нови Сад

Следно

Средба на гувернерката со претседателката на АСО: Финансиската стабилност е заеднички приоритет

Latest from Blog

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека
Go toTop