Во Нови Сад почнува EXIT, најголемиот музички фестивал во регионот

July 10, 2024
1 min read

Од денеска до 14 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад се одржува 24-от EXIT, повеќенаграден меѓународен летен музички фестивал, каде се очекуваат над 1.000 изведувачи од регионот и целиот свет, јави дописникот на МИА од Белград.

Првиот ден од фестивалот е во знакот на роденденот на Никола Тесла, со слоганот „Заедно да ја разбудиме нашата супермоќ“, а музичката програма ќе ја предводат Бејби Лазања, и водечките уметници на новата генерација со американската поп ѕвезда Инико, Бурак Џетер, чиј специјален гостин е Димас Кудаиберген, а ќе настапат и Алисон Вондерленд и Теја Дора.

На МТС Денс Арена ќе настапат Карл Кокс, Бонобо, Блек Кофи, Мацео Плекс, како и предводниците на техно и хаус сцената на новата генерација, I Hate Models, Klangkuenstler, Patrick Mason, Franky Wah, Barry Can’t Swim, Sama’ Abdulhadi.
Пред музичарите да засвират на Петроварадинската тврдина, фестивалот ќе биде отворен и на Штранд од 15 часот со настап на холандскиот диџеј Вин Хоф. Со тоа забавата ќе започне малку порано за камперите, кои од вчера престојуваат на Штранд.

Во Нови Сад пополнети се сите туристички и хотелски капацитети,а на најпопуларната плажа во Нови Сад на Дунав веќе се поставени околу 70 шатори каде престојуваат посетители од целиот свет, но и домашни туристи и гости од околните земји.

-Бев пред неколку години, а сега дојдов со мојот дечко да му покажам како изгледа Нови Сад, но и Егзит, изјави за новосадски Дневник Ева од Прилеп, која со Матеј се надеваат на добра забава и кои веднаш по пристигнувањето се упатија кон кампот на Штранд.

Фестивалот Exit се одржува до 14 јули со настап на изведувачи како Black Eyed Peas, диџеј Карл Кокс, гитаристот Том Морел и многу други.

Организаторите очекуваат да биде соборен рекордот од 200.000 посетители.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ди Марија: Време е, финалето на Копа Америка ќе биде мојот последен меч за Аргентина

Следно

Солени мини крофни без брашно: Идеален рецепт за домаќинки почетници – ќе ги сака целото семејство!

Latest from Blog

Американската војска потврди дека ги предале сите главни бази во Сирија

Американските сили продолжуваат да ги поддржуваат напорите на партнерите во борбата против тероризмот за да се обезбеди безбедноста во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM. Сириската влада претходно објави целосно повлекување на американските

Меџити: Голема инвестиција во Чаир – Улица 157 се реконструира со над 8 милиони денари

Во рамки на инфраструктурните активности, во Општина Чаир се реализира проект за уредување на улицата 157, со вкупна инвестиција од над 8 милиони денари, соопшти Изет Меџити. Работите опфаќаат асфалтирање на делницата

Јапонија договори најзначајна продажба на воена опрема во последните 11 години- Австралија ќе плати милијарди

Ова е најголемата продажба на воена опрема на Токио откако беше укината забраната за извоз на оружје во 2014 година. Министрите за одбрана Ричард Марлес и Шинџиро Коизуми потпишаа меморандум „со кој
Go toTop