Во Ирска референдум за измена на членот од Уставот – „местото на жената е во домот“

March 7, 2024
1 min read

По повеќегодишниот притисок Владата на Ирска утре организира два референдума за спортните женски должности и за проширување на уставната дефиниција на семејството на долготрајно партнерство/врска.

Членот 41.2 од ирскиот Устав, кој датира од 1937 година, гласи: „Државата признава дека домаќинката и дава поддршка на државата без која не може да се постигне општото добро. Според тоа, државата ќе настојува да обезбеди мајките, за да не работат поради економска потреба, при што би ги занемариле домашните обврски“.

Владата наведува дека ваквата формулација во Уставот е сексистичка и застарена и треба да се отстрани и го предлага следниов текст: „Државата признава дека грижата за членовите на семејството обезбедува поддршка за општеството, без која не може да се постигне општото добро и ќе настојува да ја поддржи таквата активност“.

Националниот совет на жени, кој води кампања за промена на Уставот, истакна дека „сексистичкиот, стереотипен јазик нема место во Устав од времето кога жените биле третирани како граѓани од втор ред“.

Противниците на измените оценуваат дека Уставот не тврди дека местото на жена е во домот, туку и ги признава домашните работи.

Според Уставот работата што жените ја вршат дома е фантастична. Ниту една жена не треба да биде принудена да работи надвор од домот ако повеќе сака да остане дома со децата. Минатата недела беше спроведена анкета во која 70 проценти од жените, кои моментално работат надвор од домот изјавија дека доколку би имале можност би останале дома, изјави адвокатката Бренда Пауер, членка на групата „Лојерс фор ноу“ (Lawyers For No). 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брод со над 2.700 тони хуманитарна помош замина од Туркије кон Газа

Следно

Провокација од Мерко среде Струга, на општинската зграда „никна“ табла со која се велича фашизмот

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop