Провокација од Мерко среде Струга, на општинската зграда „никна“ табла со која се велича фашизмот

March 7, 2024
1 min read

Нова провокација од градоначалникот Рамиз Мерко среде Струга. Надвор од сите правни процедури, без гласање на Советот по системот на Бадентер и без согласност од пошироката заедница, на влезот од општинската зграда е поставена спомен-плоча на која пишува: Основно училиште „Kонгрес во Битола” – 1-ви септември 1941 година.

Прекршувајќи го законот за употреба на македонскиот јазик, скандалозното обележје е испишано само на албански јазик и го велича фашистичкиот период во кој Струга била под италјанска окупација, чиј соработник била Кралска Албанија. 

– Не верувам дека постои друг градоначалник во било која општина во светот кој што има поставено обележје на општинската зграда со која се слави, се велича фашистичката окупација на градот. Ние како општински комитет од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземеме буквално сите правни механизми кои ни стојат на располагање за да го спречиме ова понатамошно ширење на национализам, шовинизам и фашизам од страна на градоначаникот. За жал, очигледно е дека оваа влада ја има изгубено котролата над овие територии на Република Македонијa – вели Ален Деребан претседател на О.К на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во Ирска референдум за измена на членот од Уставот – „местото на жената е во домот“

Следно

МЕПСО цел на хакерски напад, снабдувањето со струја не е загрозено

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop