Во експлозија во Бејрут убиен е еден од водачите на Хамас

January 2, 2024
1 min read

Либанскиот премиер Наџиб Микати ја осуди експлозијата во која се наведува дека го убила Ал Аури. Според него, експлозијата е ново израелско злосторство чија цел е да го вовлече Либан во нова фаза на конфронтација

Хамас објави дека една од жртвите во нападот на јужниот дел на либанската престолнина Бејрут е високиот функционер Салех Ал Арури, пренесува Си-ен-ен.

Телевизијата „Ал Акса“ на Хамас соопшти дека заменик-шефот на Политичкото биро на Хамас, водачот Салех Ал Аури, загинал во предавнички воздушен напад на ционистите во Бејрут.

Фото: EPA-EFE/MOHAMED HOSSAM *** Local Caption *** 53826630

Ал Арури се сметаше за еден од основачите на военото крило на групата, Бригадите Изад-Дин ал-Касам, и беше со седиште во Бејрут.

Израелската армија во октомври ја сруши куќата на Ал Арури во окупираниот град Ароура на Западниот Брег.

Во тоа време, израелските одбранбени сили (ИДФ) изјавија дека силите оперирале во градот во текот на ноќта за да ја урнат резиденцијата на Салех ал-Арури, заменик-шеф на политичкото биро на терористичката организација Хамас и задолжен за активностите на Хамас во Јудеја и Самарија.

Либанскиот премиер Наџиб Микати ја осуди експлозијата во која се наведува дека го убила Ал Аури.

Микати рече дека експлозијата е ново израелско злосторство чија цел е да го вовлече Либан во нова фаза на конфронтација.

„Ги повикуваме засегнатите земји да извршат притисок врз Израел да престане со неговото таргетирање. Предупредуваме дека израелското политичко ниво прибегнува кон извоз на неговите неуспеси во Газа на јужната (либанската) граница“,

напиша премиерот.

Поранешниот израелски пратеник во Обединетите нации Дени Данон им честиташе на израелските безбедносни и разузнавачки агенции за атентатот на висок претставник на Хамас.

„Им честитам на ИД, Шин Бет, Мосад и безбедносните сили за убиството на високиот функционер на Хамас Салах ал-Аарури во Бејрут“,

рече Данон.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На прагот на мајските избори – политичките партии се уште без кандидати за претседател

Следно

Од 1 јануари нова цена на струјата – ќе плаќаме поскапо или поевтино?

Latest from Blog

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се
Go toTop