На прагот на мајските избори – политичките партии се уште без кандидати за претседател

January 2, 2024
1 min read

реклама


Ниту една политичка партија досега не го потврди својот кандидат за претседател на државата. Политичките партии како што изгледа чекаат да ги потврдат предизборните коалиции за да одлучат како понатаму. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија наредните денови ќе информира за постапката за избор на кандидатот за претседател, откако на 26 декември донесе одлука за свикување на 27-ми конгрес на партијата, кога и ќе биде потврден кандидатот .

„Деновиве ќе информираме сѐ поврзано со процедурата за избор на кандидат за претседател“, вели СДСМ.

реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема никакви промени во однос на тоа прашање.

„Нема промени по однос на тоа прашање. Штом има било каква одлука за истото ќе ја информираме јавноста“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Како што известија пред неколку дена од ЕСП, тие веќе почнале да разгледаат одреден број на кандидати и нивната тенденција е тоа да биде непартиски кандидат.

„Засега се разговара со одреден број на кандидати, но се уште не сме донеле конечна одлука за да го објавиме. Има потенцијални кандидати но нашата тенденција е да биде непартиски кандидат кој ќе биде прифатлив за сите и кој може да влијае и врз неопределените гласачи и врз тие кои досега воопшто не гласале“, вели Орхан Муртезани.

реклама

Според неофицијални информации, поранешниот претседател на Националната демократска преродба, Руфи Османи, се вели дека е потенцијален кандидат за претседател од редовите на албанската опозиција. Но, во наредниот период се очекува да бидат потврдени кандидатите од сите политички партии. Првиот круг од претседателските избори е на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, кој ќе се одржи заедно со парламентарните избори.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Екстремен студ ги погоди Финска и Шведска, температурите достигнале рекордни минус 40 степени

Следно

Во експлозија во Бејрут убиен е еден од водачите на Хамас

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop