Од 1 јануари нова цена на струјата – ќе плаќаме поскапо или поевтино?

January 2, 2024
1 min read

реклама


Од 1 јануари цената на електричната енергија во првиот блок се намали за 5,16%. Во вториот блок останува иста, а во третиот блок се зголемува за 2.88% а во четвртиот блок за 1,86%. Но што доколку повеќето потрошувачи кои сега во зима се греат на струја, преминат во третиот блок?

„Добро е да се нагласи фактот дека дури и оние кои преминуваат во блок 3 за потрошувачка на електрична енергија во рамки на блок 1 и блок 2 ја плаќаат цената на блокот 1 и блок 2. Дури и ако влезете во блок 3, тогаш само киловатите што се во блок 3 се по нешто повисока цена од блок 2, во зависност од ценовникот објавен од РКЕ“, вели Крешник Бектеши.

реклама

А што со тоа што се нарекува Пристап до мрежата за која ќе платиме 200 денари? Бектеши вели дека за да се намали цената на дистрибутивната мрежа, одлучено е граѓаните кои имаат 2 стана да плаќаат приклучок на мрежата.

„Од 660.000 домаќинства кои се приклучени на мрежата, 130.000 домаќинства се пасивни потрошувачи на електрична енергија. Што значи тоа? На пример, ако Крешник и Артан живеат во град Скопје и имаат друг стан во друг град, Куманово или на пример куќа во Кичево, Крешник за втората куќа или вила, за друг имот што го има секој граѓанин, не плаќаат за дистрибутивна мрежа. Зошто? Бидејќи пресметката за дистрибутивната цена се базира на потрошувачката на киловати од секое домаќинство. А за да ја намалиме цената на дистрибутивната мрежа, одлучивме граѓаните кои имаат 2 стана да плаќаат приклучок на мрежата“, порача Крешник Бектеши.

реклама

Инаку од 1 декември минатата година, достапна е и евтина дневна тарифа на струјата, секој ден од 13:00 до 15:00 часот. Од 24 часот, потрошувачите сега имаат на располагање вкупно 11 часа евтина струја од понеделник до сабота и 24 часа во недела.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во експлозија во Бејрут убиен е еден од водачите на Хамас

Следно

За Хезболах нападот во Бејрут нема да помине без казна, Израел подготвен на највисока борбена готовност

Latest from Blog

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон
Go toTop