ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да истражи каде завршиле три милиони евра од набавката на уред во МЕПСО

October 30, 2024
1 min read

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за време на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ) во компанијата МЕПСО постојат сомнежи и индиции за злоупотреба на три милиони евра.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека компанијата под раководство на лица од СДСМ и ДУИ склучила договор за набавка на уред за три милиони евра поскап од предвидениот План за развој, што самите го донеле.

„Под водство на Зуди Енуз од т.н. фрон т на ДУИ и поставен од СДС во јуни годинава МЕПСО склучил договор со албанска фирма ‘Шанси Инвест‘ за набавка на уред за корекција на напонски профил на трансформаторска станица. Во Планот за развој на електропреносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година, буџетот предвиден за уредот за корекција изнесува 2,8 милиони евра, а во договорот склучен со фирмата истиот уред изнесува 5 864 милиони евра, што е за три милиони евра повеќе од предвиденото“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нелегалните израелски доселеници искорнале стотици вековни маслинови дрвја во северниот дел на Западниот Брег

Следно

Извештај на ЕК за напредокот на Македонија: Пофалби за политичката посветеност и меѓуетничките односи, критики за кривичниот законик на СДСМ/ДУИ и администрацијата

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски
Go toTop