Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

July 8, 2025
1 min read

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски.

На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да се дебатира на пленарна седница во Стразбург, премиерот порача дека му е жал што во 21 век во Европа има такви европратеници кои оспоруваат идентитет на малоброен народ и неговиот мајчин јазик 

Христијан Мицкоски премиер – Има голем број на пратеници, членови во Европскиот парламент, што се јавуваат и кажуваат дека нема да гласаат за амандманот кој има за цел на талибански начин, од извештајот што е на маса, по првпат од осамостојувањето на државата, да опфати македонски јазик и македонски идентитет. Тие нема да гласаат да се избришат од извештајот бидејќи досега никогаш во извештајот не се појавиле македонски јазик и македонски идентитет. Не верувам дека и оние што се известувачи во сенка ќе го поддржат тој амандман.

А шефицата на државата порача дека не е изнедадена од тоа што се очекува – терминот македонски јазик и идентитет, преку амандман да биде исфрлен од Извештајот за Макеоднија. Изјави дека Европската Унија е во демократски дефицит. 

Гордана Сиљановска претседателка – Не сум изненадена бидејќи во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата Европска Унија, националистички партии, да не ги набројувам, од АТАКА (бугарска партија н.з) преку Златна зора (грчка партија нз.) и други. Не сум зачудена“. 

Европратениците вечерва на пленарната седница во Стразбург ќе дебатираат за Извештајот за напредокот на Македонија за 2023та и 2024та година. Документот го помина филтерот на АФЕТ- Комитетот за надворешни работи, а при гласањето на 24 јуни, шест европратеници го блокираа амандманот поднесен од Европската народна партија за додавање на придавката модерен – пред македонски јазик и идентитет.

Пред една недела пак, трите најголеми политички групации во Европскиот Парламент – ЕПП, социјалистите и либералите, постигнаа консензус за заеднички амандман со кој целосно ќе се избрише формулацијата македонски јазик и идентитет. Гласањето ќе се случи утре.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Следно

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Latest from Blog

Божиновска и вработените од Министерството во еколошка акција покрај Вардар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес заедно со претставници од Министерството учествуваше во големата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“, која се реализираше на кејот на Вардар. Во рамки

Македонска берза: Комерцијална банка, Телеком и Макпетрол најтргувани – МБИ10 во минус за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00

Бруно напаѓа рекорд: Само уште две асистенции за да ги надмине Анри и Де Брујне

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е на пат да направи неверојатен историски рекорд во Премиер лигата. Имено, Португалецот во дресот на „црвените ѓаволи“ досега оваа сезона има 19
Go toTop