ВИДЕО: Сузбиенa организиранa криминалнa групa инволвиранa во недозволена трговија со дрога и оружје

November 24, 2023
1 min read

реклама


Денеска (24.11.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции и ОВР Струга, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во којa беше сузбиена повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Струга, едно лице од Охрид и еден албански државјанин (кој престојува во Струга), кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје.

Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија на претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 36 локации во Струга, Охрид и во Затвор Скопје, при што од слобода се лишени 19 лица, додека по три лица се трага, а едно лице од претходно е во затвор. Кривично пријавени се вкупно 23 лица за кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени оружје, муниција од различен калибар, кокаин, марихуана, пари, патнички моторни возила, мобилни телефони и други предмети.

реклама

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против 23 лица и тоа, против В.Е. (32), Д.Е. (30), Љ.Ц. (37), Е.П. (38), Б.Х. (27), Е.Р. (20), К.Л. (52), Х.К. (43), И.Б. (35), А. Ж. (27), Е.Б. (25), Б.Ѓ. (27), Д.С. (35), С.Д. (29), М.Т. (38), Е.О. (21), К.З. (21), Ф.Џ. (26), Д.У. (76), Г.Т. (43), А.Ж. (46), С.Т. (37) и С.Н. (44) за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции“ од чл.215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичен законик. За време на спроведеното криминалистичко истражување утврдено е дека целта на формирањето на организираната криминална група е стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, а во текот на истрагата во повеќе различни случаи документирани се продажби на наркотична дрога, оружје и муниција.

Во временскиот периодот од јануари 2023 година до ноември 2023 година, В.Е. како организатор и Д.Е., Љ.Ц. и Е.П. заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога (кокаин, марихуана, масло од марихуана и хашиш) се здружиле и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на наркотичната дрога, кои нелегални активности во делот на продажбата ги вршеле заедно со останатите пријавени лица, кои дејствувале во групи. Кокаинот го продавале по цена од 60 до 100 евра за еден грам, додека маслото од канабис го продавале по цена од 40 евра од кубик. Исто така, во наведениот временски период заради неовластено набавување, држење и продавање на поголемо количество огнено оружје и муниција, како група се здружиле лицата Г.Т., А.Ж., Д.С., С.Т., С. Н., Е.О..

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета: Произраелската политика на германската Влада не е поддржана од јавноста

Следно

Режисерот Андреј Цветановски ги повика државниците кои ќе учестуваат на Самитот на ОБСЕ на премиера на „Пикник на фронтот“ во Драмски театар

Latest from Blog

Вештакот Марковски: Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во дискотеката „Пулс“

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски

Берзански извештај: Индексот МБИ10 ослабе, промет од над 37 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 13.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.152,62 поени. Во

Официјално: Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска!

ФОТО:Hrvatski nogometni savez (HNS) Најавите и официјално се остварија, сега е веќе дефинитивно. Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) официјално објави дека Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска. По неуспешниот настап на „Коцкестите“

(Видео) ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН, ЕВАКУАЦИЈА ВО ТЕК: Огнен фронт се заканува да ги збрише селата околу Париз!

Големиот шумски пожар кој во вчера попладне избувна во познатата шума Фонтенбло, на околу 60 километри југоисточно од Париз, и понатаму се шири, а француските власти мобилизираа стотици противпожарни сили, авиони и

Ќе се реконструира Домот на АРМ, потребни се најмалку 10 милиони евра

Целосна реконструкција на објект во „Ќојлија“, Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот
Go toTop