ВЕЧЕРВА ИМАМЕ „ВОЛЧЈА“ МЕСЕЧИНА: овие четири работи апсолутно не треба да ги правите

January 25, 2024
1 min read

Денешната полна месечина, која воедно е и прва годинава, се нарекува и полна месечина на волкот.

Веројатно веќе знаете дека за време на полна месечина нашите емоции стануваат најинтензивни и го достигнуваат својот врв.

Полната месечина на Волкот е позната по тоа што фрла светлина врз нашите длабоки рани и ни помага да станеме свесни на кои делови од себе треба да посветиме повеќе внимание.

Од друга страна, ќе ја почувствуваме и енергијата на самоуверениот Лав, кој понекогаш тешко ја прифаќа болката, бидејќи ја доживува како еден вид пораз. Затоа е особено важно во ова време да посветиме доволно време на нашите чувства и да не си дозволиме да го потиснеме она што треба да го обработиме заради сопствената гордост, пренесува магазинот City.

Има работи што е добро да се прават за време на Месечината на Волкот – наградете се за вашите досегашни напори; обрнете внимание на вашите чувства; одвојте доволно време за себе, поставете граници во односите.

Но, листата на што не треба да се прави е посилна. Избегнувајте импулсивни одлуки. Не ги потиснувајте вашите чувства. Избегнувајте непромислена комуникација. Откажете се од активностите кои ви ја трошат енергијата.

Полната Месечина во знакот Лав ни носи посебна енергија која доколку знаеме да ја искористиме ќе ни помогне самоуверено да застанеме зад себе и да откриеме скриени делови од себе на кои им треба нашето внимание.

Лавот ни носи дополнителна мерка на самодоверба, што го прави одлично време за разни презентации, јавни настапи и разговори за кои се одлучуваме веќе некое време. Воедно, оваа полна месечина е одлична можност да си посветиме повеќе време на себе и малку да се разгалиме.

Од друга страна, огнениот Лав може да биде прилично непромислен. Во тоа време, брзо може да се случи да направиме или да кажеме нешто за што подоцна би зажалиле. Затоа е важно мирно и смислено да влегувате во разговорите и да не си дозволите да направите грешка во момент на слабост.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Украинка стана Мис на Јапонија

Следно

Организирана криминална група од Грчец во недозволена трговија со убиства и дрога

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop