Организирана криминална група од Грчец во недозволена трговија со убиства и дрога

January 25, 2024
1 min read

Неколкучасовната полициска акција во Грчец, Чаир и Дуќанџик, министерот за внатрешни работи вели дека е резултат на повеќемесечна истрага. Тој излезе со информација дека биле приведени седум лица, под сомнение за убиства и трговија со дрога.

За приведените лица има барање до ОЈО за гонење на организиран криминал за покренување кривична постапка. Шестте од приведените седум лица се уапсени во државава, а едно лице е лоцирано и приведено во Шпанија благодарение на соработката со Интерпол. Министерот вели дека станува збор за лица инволвирани во многу македонски институции, па дури и дека јавноста ќе се изненадела кога ќе бидат соопштени имињата. Засега имињата не можат да се споделат заради текот на истрагата.

Организираната крмининална група била формирана за вршење убиства од одмазда и по порачка од користољубие. Организаторите создавале планови и одлучувале кој, кога и како да биде лишен од живот, а плановите ги спроведувале лично или преку организираната криминала група. Водачот на групата извесен 46 годишен Шеваљ Муареми е македонски државјанин. Оваа група која брои вкупно 16 лица и делувала интернационално се товарат за неовластено производтство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци, убиства, обиди за убиства.. Осомничените парите ги инвестирале во недвижнини-вили, луксузни ресторани и во земјава.

Со приведувањето на седумте лица акцијата за гонење на останатите продолжува и понатаму. За истата министерот Спасовски рече дека располагаат со повеќе детални информации, но во интерес на истрагата засега не се споделуваат.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЕЧЕРВА ИМАМЕ „ВОЛЧЈА“ МЕСЕЧИНА: овие четири работи апсолутно не треба да ги правите

Следно

Голем пожар во строгиот центар на Белград, евакуирани се станарите (ВИДЕО)

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop