Утре и задутре Македонија домаќин на настани поврзани со Западен Балкан и планот за помош на ЕУ

January 21, 2024
1 min read

Најавениот План за економнски раст на државите од Западен Балкан е централната тема на утрешниот состанок на политичките лидери од  регионот. Во следните три дена премиерот Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, косовскиот премиер Албин Курти, но и претставници на Европската Унија. Од владата веќе објавија фотографии како вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ го пречека претставниокот на Стејт департментот на Соединетите Американски Држави Џејмс О’Брајан.

Според планот за раст на Европската унија за државите од Западен Балкан предвидени се шест милијарди евра за  зголемување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската Унија, Потикнување на регионална економска интеграција на Западен Балкан, потоа забрзување на структурните реформи, подобрување на оддржливоста на економскиот раст, привлекување на странските инвестиции. Од Владата потенцираа дека за да се добие дел од колачот вреден шесет милијарди евра потребно е да се имплементираат реформи и пободрување во состојбите со ефикасноста на јавната адмионистрација, независноста на судските институции, борбата против корупцијата. Ставот на македонските власти е дека во земјава има соодветна законска регулатива, но таа тешко се спроведува на терен.

 

„Задничка цел, наша и на ЕУ е до март 2024 година да се направи прв трансфер на пари кон Северна Македонија и кон другите земји во регионот на Западен Балкан. Тоа значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за четири месеци од сега. Со Планот за раст се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар. Тоа значи дека нашите производи и услуги ќе почнат да се пласираат на Единствениот европски пазар и пред нашето официјално членство во ЕУ“, велат од Владата.

На еден од последните настани кои ги организираше владата по повод планот за економски раст и фондот кој се очекува да го поделат државите од регионот, претставникот на бизнис заедницата кој беше поканет од владата, посочи дека македонските стопанственици со децении се борат со конкурентите од евроспаката унија кои добиваат пари од еу фондови, а македонските компании морале со сопствени средства да инвестираат во своите бизниси.

 

„Тие се светлосни години пред нас. Инвестираат многу во образование, инвестираме и ние, ама ние инвестираме со наши средства тие инвестираат со европски средства. И секој ден што сме надвор од Европската унија, сите ние компаниите страдаме. Затоа што тие со поголеми чекори се движат, а ние чекор по чекор само одиме“, вели Горан Антевски стопаственик.

Што се однесува до искористеноста на парите од европските фондови, во Брисел како дрѓава баш и не сме многу популарни по добро. Пред неколку месеци Македонија доби опомена од меѓународниот фактор дека земјава е рекордер по злоупотребата на средствата наменети за проекти финансисрани од пари од ЕУ. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН бараат решение со две држави за конфликтот меѓу Израел и Палестинците

Следно

Среде бел ден, околу пладне, скопјанец натепан и ограбен

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop