ОН бараат решение со две држави за конфликтот меѓу Израел и Палестинците

January 21, 2024
1 min read

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, за време на самитот во Кампала го повтори повикот за решение за две држави, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно ја отфрли можноста за суверена палестинска држава. Според Гутереш, негирањето на решението за две држави го продолжува конфликтот, кој стана глобална закана за мирот и безбедноста. Тој, исто така, повтори повици за итен прекин на огнот во битката меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. За разлика од Гутереш, Нетанјаху постојано ја отфрла идејата за палестинска држава откако ќе заврши конфликтот во Газа. Тој изјави дека нема да прави компромиси за безбедносната контрола на целата област западно од Јордан. Нетанјаху го повтори ставот дека секое решение во блиска иднина мора да вклучува израелска воена контрола врз целиот Западен Брег.

Како што продолжуваат нападите во конфликтот Израел-Хамас, жителите во Газа се борат за храна, залихи, санитарни услови и друга хуманитарна помош. Во израелскиот воздушен, копнен и поморски напад врз Газа загинаа речиси 25.000 Палестинци, од кои две третини жени и деца, според Министерството за здравство на територијата под контрола на Хамас.

„Во Газа, израелските воени операции предизвикаа огромно уништување и убијаа цивили на размери без преседан додека јас сум генерален секретар. Мораме да направиме се што можеме за да спречиме разгорување на конфликтот низ регионот, а тоа започнува со итен хуманитарен прекин на огнот да се олесни страдањето во Газа, да се дозволи хуманитарната помош да стигне до секој што има потреба и да се олесни ослободувањето на заложниците, кое мора да биде итно и безусловно. Повтореното вчерашно одбивање да се прифатат решенијата со две држави за Израелците и Палестинците е целосно неприфатливо, негирањето на правото за државност на палестинскиот народ би го продолжила на неодредено време конфликтот кој стана главна закана за глобалниот мир и безбедност, ќе ја влоши поларизацијата и ќе ги поттикне екстремистите насекаде“, рече Антонио Гутереш, генерален секретар на Обидинетитет Нации.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пратеникот во израелскиот Кнесет, Офер Касиф: Израелците кои се противат на војната добиваат смртни закани

Следно

Утре и задутре Македонија домаќин на настани поврзани со Западен Балкан и планот за помош на ЕУ

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop