Упорно нè лажат за Украина, каде е гневот?

June 20, 2023
1 min read

На 4 јуни, група која себеси се нарекува „Полски волонтерски корпус“ објави фалбаџиско соопштение дека учествувале во низа прекугранични копнени офанзиви во Русија. Вестите за овие упади се косеа со многу претходни гаранции на САД и украинските воени планери дека нема да бидат вршени напади на руска територија.

„Дали некогаш им беше кажано на Американците – главните финансиски спонзори на Украина – дека опсегот на операциите кои тие ги субвенционираат толку ќе се прошири што ќе вклучува и полски војници кои упаѓаат директно во Русија? Дали некој во Вашингтон го потпишал ова или се дала шанса јавно да се разгледаат потенцијално катастрофалните импликации?“, прашува во Њусвик независниот новинар Мајкл Трејси.

Теоретски, САД се обврзани да ја бранат сојузничката од НАТО, Полска, во случај на вооружен напад. И додека Полска номинално се оградува од полскиот волонтерски корпус, новинар кој пишува за најголемата полска дигитална публикација кој вели дека присуствувал на нивниот основачки состанок минатиот февруари, пренесува дека не се работи за прекутрупа собрани аматери, туку за елитна диверзантска и извидничка формација.

Непосредно пред формирањето на „Полскиот волонтерски корпус“, до полскиот парламент беше поднесен и предлог-закон за легализирање полски државјани да се борат во редовите на вооружените сили на Украина. „Полскиот волонтерски корпус“ спроведува заеднички операции со „Рускиот волонтерски корпус“, уште една целосно интегрирана „специјална единица во рамките на Министерството за одбрана на Украина“ која западните медиуми еуфемистички ги нарекуваат „проукраински партизани“. Со оглед на тоа дека овие наводно независни „партизани“ се фалат дека земаат руски заложници и се вмешани во сè поспектакуларни провокативни напади, јасно е зошто Украина јавно сака да одржува привид на дистанца.

„Копнената војна дојде во Русија“, прогласи еден државен послки медиум со снимки од овие елитни војници, наведени како „доброволци“, како ги уништуваат руските погранични населби со оружје обезбедено од САД, како што потврдија и Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.

„Доналд Трамп може за некој степен да претера во оценките, што грото американски медиуми радосно ќе го дочекаат да повторуваат дека е лажов, но се трупаат несоборливи докази дека Американците систематски се измамени за опсегот на американската интервенција. Кога ќе ги наведеш доказите, само ќе ти превртат со очи. Ако имаш среќа да не те обвинат дека си „руски пропагандист“, вели Трејси.

Вели, ако полски војници кои започнуваат самопрогласена „копнена војна“ во Русија не е доволна причина некој да се разбуди, морничаво е да се помисли колкав шок би бил потребен за тоа.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Киев во преговори со западните производители на оружје за производство во Украина

Следно

Реална е заканата на Путин дека ќе користи тактичко нуклеарно оружје, смета Бајден

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop