Киев во преговори со западните производители на оружје за производство во Украина

June 20, 2023
1 min read

Разговараме за различни нивоа на соработка. А, некои од компаниите велат дека се подготвени да дојдат да инвестираат и да произведуваат дронови, вели украински министер за меѓународна соработка и стратешки партнерства

Киев е во преговори со западните производители на оружје за зголемување на производството, вклучително и во самата Украина, и би можел да потпише договори во наредните месеци, изјави украински министер за меѓународна соработка и стратешки партнерства, Серхи Бојев, пренесува Ројтерс.

Од руската инвазија во Украина минатата година, Киев се обидува да обезбеди оружје, од муниција до ракетни фрлачи и проектили.

Земјата доби поддршка од земји како што се САД, Германија и Велика Британија, а Бојев изјави дека Киев преговара со производители од Германија, Италија, Франција и Источна Европа за нивното производство на оружје во земјата.

Во мај, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека земјата работи со британската одбранбена компанија „БАЕ системс“ (BAE Systems) за да формира украинска база која ќе произведува и ќе поправа оружје, од тенкови до артилерија, но договорот се уште не е потпишан, пренесува Ројтерс.

Во Париз, како што се вели во извештајот на Ројтерс, Бојев се сретнал со производители на дронови, од големи меѓународни одбранбени компании до мали добавувачи. Тој одбил да каже со кои компании се сретнал, но посочил дека зборуваат за различни нивоа на соработка и оти некои од нив се подготвени да дојдат да инвестираат и да произведуваат дронови.

„Разговараме за различни нивоа на соработка. А, некои од компаниите велат дека се подготвени да дојдат да инвестираат и да произведуваат дронови“,

рекол Бојев.

Висок извор од европската одбранбена индустрија, додава Ројтерс, рекол дека европските правила и стандарди околу тестирањето на беспилотни летала може да им отежнат на компаниите да се согласат да произведуваат и тестираат дронови во Украина.

Но, Бојев се надева дека земјата може да привлече странски производители на дронови и рече дека украинската Влада може да понуди значителна поддршка.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид се засили со Хоселу

Следно

Упорно нè лажат за Украина, каде е гневот?

Latest from Blog

Мурињо е против: Нови моменти околу најавениот трансфер на Винисиус во Арсенал!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата и пратеник Реџеп Исмаил, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на Илинден. Во делегацијата беа и

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол

Коњановски од Трново: Да се вратиме дома и заедно да ја развиваме Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство,
Go toTop