Универзитетот „Мајка Тереза“ ја организира Меѓународната конференција за одржлив развој

November 6, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – На Универзитетот „Мајка Тереза“ денеска и утре се организира Седмиот конгрес во чии рамки се одржува и Меѓународната конференција за одржлив развој „ТСД 2023“, јавува Анадолу.

Во изјава за медиумите, ректорот на Универзитетот, Изет Зеќири, рече дека на Конгресот ќе се разговара за предизвиците за постигнување одржлив развој во Северна Македонија.

Зборувајќи за некои од предизвиците за постигнување одржлив развој, Зеќири ги спомена сиромаштијата и борбата против гладот.

„Ние имаме ситуација во која имаме 21,8 отсто или близу 490.000 сиромашни луѓе во Северна Македонија. Она што е глад на глобално ниво – некаде околу 795 милиони луѓе кои живеат во глад, додека во Северна Македонија, иако имаме индекс 5,1 што е низок како индекс, но повторно не треба да има глад во оваа држава бидејќи имаме и вишок на храна“, рече Зеќири.

Тој го спомена и образованието и создавањето услови за вклучување на сите во образованието. Повикувајќи се на статистиката, Зеќири рече дека само во четири општини во Северна Македонија во последните четири години има околу 1.100 деца кои воопшто не се запишале на училиште.

Тој исто така како предизвици ги спомена и родовата еднаквост, потребата од инвестиции во основната инфраструктура и економскиот развој.

Одговарајќи на прашање за недостигот од квалификувана работна сила, тој го опиша како парадокс фактот што во Северна Македонија има околу 110.000 луѓе кои бараат работа, а има околу 7.900 работни места кои не можат да се пополнат.

Зеќири ја нагласи потребата од реформи во високото образование, нудење студии, образование и обука во времетраење пократко од три години, за да се подготви потребниот кадар.

„Имаме како иницијатива при Универзитетот ‘Мајка Тереза’ да понудиме квартални, шестмесечни програми за образование, школување, подготовка на овие луѓе кои бараат работа за да одговорат на потребите на пазарот. Многу е итно, бидејќи ова не може да се постигне само преку Агенцијата за вработување, туку универзитетите мора да го направат тоа, во соработка со други институции. Има и многу компании кои би можеле да ги финансираат овие програми за да создадат работници, или да едуцираат работници кои ќе одговорат на овие деловни барања“, изјави Зеќири.

– Соединување на академската фела, индустријата и државните институции –

Проректорот за наука, Беким Фетаји, организатор на Конгресот, рече дека на Конгресот ќе се разговара за можностите и ресурсите кои можат да ги обединат земјите од регионот за постигнување одржлив развој во различни области.

Тој ја нагласи потребата од соработка на повеќе сегменти во општеството, притоа споменувајќи го соединувањето на „триаголникот“: Академија, индустрија и државни институции.

„Поентата на оваа конференција е да се обединат академските институции, владините институции како што е Министерството за образование, кои имаат ресурси и можат да помогнат во овој процес; и индустријата, имаме многу говорници, овој пат имаме и тројца говорници од Германија, кои работат во европските институции, некои се и сопственици на различни фирми“, рече Фетаји.

Тој додаде дека Универзитетот „Мајка Тереза“, како најнов јавен универзитет во Северна Македонија, му придава големо значење на Конгресот и сака активно да придонесе за подобрување на актуелната состојба во различни области.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски не го бендиса интервјуто на Залужниј

Следно

Лавров: Западот го турка Блискиот Исток на работ на голема војна

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на
Go toTop