Убијците од Скопската чаршија избегале со „Ауди“ кое го запалиле на излезот од Скопје

March 7, 2023
1 min read

Лицата што пукаа вечерва во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија каде убија две лица, а едно е пренесено во болница избегале со „Ауди 6“ коешто го запалиле на излезот од скопската обиколница, дознава и пренесува „Фокус“.

Според неофицијалните информации, вчеравечер неколку лица со црни униформи дошле во локалот, се претставиле како полиција, се качиле на вториот спрат, во посебна канцеларија кајшто биле убиените и испукале неколку лица.

По двојното убиство, „аудито“ го запалиле на излезот од скопската обиколница и избегале.

На местото на пожарот останала регистерската табличка од аудито, која била фалсификувана.

Според неофицијалните информации кои засега не се потврдени во пукањето се убиени  Јетон Кривањева и Енес Исени кои се поврзуваат со криминалната група Дуќанџик.

Кривањева беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Што досега е познато за двојното убиство во Старата скопска чаршија

Следно

Турската опозиција избра заеднички кандидат за претседателските избори во мај

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop