Турската опозиција избра заеднички кандидат за претседателските избори во мај

March 7, 2023
1 min read

Познат како „Ганди Кемал“ или „турскиот Ганди“ поради неговата сличност со индискиот лидер за граѓански права Махатма Ганди, 74-годишниот Кемал Киличдароглу важи за целосна спротивност од актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Опозицискиот блок вети дека ќе ја врати парламентарната демократија во Турција доколку го симне Ердоган од претседателската функција, со што ќе се стави крај на претседателскиот систем што тој го воведе

По неколкумесечните несогласувања, турскиот опозициски блок составен од шест партии го назначи лидерот на најголемата опозициска партија, Кемал Киличдароглу, за заеднички кандидат кој на претседателските избори во мај ќе се натпреварува против актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Опозициската алијанса наречена „Сто за шест“ го избра лидерот на просекуларната умерена лева партија Републиканска народна партија (ЦХП) за свој лидер, неколку часа откако вториот најважен член на коалицијата се согласи на компромисно решение и се врати во опозицискиот сојуз.

Познат како „Ганди Кемал“ или „турскиот Ганди“ поради неговата сличност со индискиот лидер за граѓански права Махатма Ганди, 74-годишниот Киличдароглу важи за целосна спротивност од Ердоган.

Кемал Киличдароглу – заедничкиот кандидат на шестчлениот опозициски сојуз кој ќе му се спротистави на Ердоган на претседателските избори
Фото: EPA-EFE/LP EREN KAYA/

Опозицискиот блок вети дека ќе ја врати парламентарната демократија во Турција доколку го симне Ердоган од претседателската функција, со што ќе се стави крај на претседателскиот систем што тој го воведе. Алијансата најви најави укинување на голем број одлуки на Ердоган во секторите економија, граѓански права и надворешна политика.

Претстојните избори се најтешкиот тест за 20-годишното владеење на Ердоган, кој се соочува со економски потешкотии и жестоки критики за неадекватниот одговор на владата на последиците од катастрофалните земјотреси во кои загинаа 45 000 луѓе на југоистокот на земјата, а срамнети со земја беа цели населени места.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Убијците од Скопската чаршија избегале со „Ауди“ кое го запалиле на излезот од Скопје

Следно

„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во ЕУ е во ризик од сиромаштија

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop