Уапсени две лица за свирепото убиство во Прилеп, малолетниот го признал делото

1 min read

Полицијата приведе осомничени за синоќешното шокантно убиство на 14-годишното момче во Прилеп. Од МВР соопштуваат дека се уапсени двајца, од кои едниот го признал делото.

– Денеска (01.03.2024) во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп.
Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.
Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик, стои во соопштението на МВР.

За потсетување, синоќа на тротоар во центарот на Прилеп беше пронајдено момче со повеќе убодни рани. Долготрајната лекарска реанимација не успеала да го спаси неговиот живот.

Извор: skopskoeho.mk

Претходно

„Поднеси барање за термин“ новина на веб страницата на МВР за побрзо закажување термин за фотографирање за лични документи

Следно

Се огласи тимот на Кејт Мидлтон во екот на теориите на заговор за нејзината болест – еве што се случува со идната кралица додека светот се грижи

Latest from Blog