Се огласи тимот на Кејт Мидлтон во екот на теориите на заговор за нејзината болест – еве што се случува со идната кралица додека светот се грижи

March 1, 2024
1 min read

Мистериозната приказна за операцијата и закрепнувањето на Кејт Мидлтон станала уште позагадочна откако нејзиниот сопруг пред два дена, во последен момент одлучил да не се појави на комеморацијата на својот кум поради приватни причини, не откривајќи ги останатите детали.

Тоа медиумите веднаш го поврзале со принцезата од Велс. Иако од Кенсингтонската палата порачале дека сопругата на принцот Вилијам е добро, сепак постојат разни сомнежи и гласини дека тоа не е така.

Сега, се огласил нејзиниот тим во екот на разните шпекулации.

„Кенсингтонската палата во јануари јасно ги стави до знаење роковите за закрепнувањето на принцезата, а ние ќе даваме само значителни ажурирања“, изјавил претставник на Кејт Мидлтон ексклузивно за „Page Six“, па додал: „Таа насока стои“, па додал дека принцезата од Велс е добро.

Откако Кејт на 16 јануари била оперирана во лондонска приватна болница поради проблеми со абдоменот, се појавиле шпекулации затоа што не била соопштена причината за хируршката процедура, а многумина ги заинтригирал и податокот дека принцезата ќе закрепнува два до три месеци.

Експертите укажале дека тоа говори дека станува збор за сериозна состојба додека желбата на принцезата од Велс била податоците за нејзиното здравје да останат приватни.

Принцот Вилијам денес им се вратил на должностите откако неговото отсуство од комеморацијата ја загрижило британската јавност.

Кралот Чарлс Трети исто така го пропуштил собирот во Виндзор. Јавноста ги следи деталите за британскиот монарх којшто е болен од канцер.Палатата тоа го објави на петти февруари, а на тоа претходела операција поради бенигно зголемување на простатата.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Уапсени две лица за свирепото убиство во Прилеп, малолетниот го признал делото

Следно

Од денеска нема „гарантирани цени“ за храната

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop