Турско МНР: Туркије е против секоја акција која го таргетира правото на Сиријците да живеат во мир

March 7, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије се противи на какви било акции кои ги таргетираат правата на сирискиот народ да живее во мир и просперитет, изјави денес портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Онџу Кечели, јавува Анадолу.

„Ние се спротивставуваме на секоја акција што го таргетира правото на Сиријците да живеат во мир и просперитет. Туркије останува непоколеблива во поддршката за сирискиот народ и Влада“, истакна Кечели во врска со последните инциденти што се случија во сириската медитеранска провинција Латакија.

Анкара повика да не се дозволи „ваквите провокации“ да станат закана за мирот во Сирија и регионот.

„Во тек се интензивни напори за воспоставување безбедност и стабилност во Сирија“, рече Кечели, додавајќи дека тензиите во Латакија, заедно со таргетирањето на безбедносните сили, може да ги загрозат напорите за насочување на Сирија по Асад кон иднината на единството и солидарноста.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските сили извршија рации во џамиите на Западниот Брег, ја запалија историската џамија Ал-Наср

Следно

Коцевски: Нема основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда, ќе се произнесам по предлогот за разрешување во разумен рок

Latest from Blog

Коњановски: Ова е само почеток за Рустемовски, Битола верува во неговиот олимписки сон

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за младиот македонски боксер Ален Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство во бокс што се одржа во Бугарија. На средбата, Рустемовски и
Go toTop