Коцевски: Нема основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда, ќе се произнесам по предлогот за разрешување во разумен рок

March 7, 2025
1 min read

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека го добил предлогот за негово разрешување и оти во разумен рок ќе се произнесе по сите точки. Според него, нема ниту еден основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда.

Во изјава за медиуми пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, на прашање на што се повикува предлогот, Коцевски одговори дека отприлика се повикува на она истото што беше во медиумите истакнато во последниот период.

– Во текот на вчерашниот ден доставен ми беше предлогот од страна на Советот на ЈО, и во еден разумен рок ќе се произнесам по сите точки. Останувам на тоа дека од она што имав можност да го разгледам, дека во предлогот нема ниеден основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда, рече Коцевски.

Државниот јавен обвинител, како што посочија тогаш од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Во врска со кривичната пријава поднесена од Мустафа Хајрулахи, суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, против државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за злоупотреба на службена положба и овластување, според член 353 од Кривичниот законик, како и пријавата против Татјана Кацарова, јавен обвинител во ОЈО Штип, Ристо Бојаџиски, Виш ЈО на ВЈО Штип и Ермон Незири, член во Советот на јавни обвинителипротив, Коцевски изјави дека е чудна и оти нема основ за кривична одговорност.

– Од она што го слушнав од медиумите до сега на навистина чудна кривична пријава, барем ако е тоа содржината дека наводно сите тројца обвинители се теретат за некакво соизвршителство, затоа што јавниот обвинител во Штип постапувал по предмет односно за кривично дело по член 143 за коешто е предвидена казна, за кое што е нужно да се води истрага. Тоа не може во никој случај да биде никаков основ за кривична одговорност, рече Коцевски.

Според информациите, на денешната седница не е превидено да се дискутира за барањето на обвинителката Наташа Крстева Цалева да биде ослободена од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје поради отсуство на членот Кети Петкова.

Коцевски се осврна и на испразнетите обвинителски места за кои денеска во Советот се избираат нови јавни обвинители. 

– Со новиот избор на новите кандидати очекуваме да се подобри ефикасноста во ЈО, имајќи предвид дека над 90 јавни обвинители се помалку. Така да, од ова што денеска го слушнав дека сепак не се пријавиле доволен број според она што беше објавен огласот. Тоа во текот на денешната расправа ќе го образложи претседателката, со тоа што дознавме дека и некои кандидати дури и се откажале, посочи тој.

На денешната седница е предвидено да се изберат 47 обвинители во осумнаесет јавни обвинителства.Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турско МНР: Туркије е против секоја акција која го таргетира правото на Сиријците да живеат во мир

Следно

Димитриеска – Кочоска: Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација

Latest from Blog

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop