Израелските сили извршија рации во џамиите на Западниот Брег, ја запалија историската џамија Ал-Наср

March 7, 2025
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската Армија денес упадна во неколку џамии во градот Наблус, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, и подметна пожар во историската џамија Ал-Наср во Стариот град, јавува Анадолу.

Според палестинската официјална новинска агенција Вафа, голем број израелски воени сили упаднале во повеќе џамии, вандализирајќи ја нивната внатрешност.

Агенцијата јавува дека израелските сили намерно ја запалиле џамијата Ал-Наср и ги блокирале пожарникарите на Општината Наблус да не можат да го изгаснат пожарот.

Очевидци за Анадолу изјавија дека пожарот целосно ги уништил просториите на имамот, нанесувајќи голема штета на ѕидовите и килимите во џамијата.

Џамијата Ал-Наср е еден од најзначајните историски споменици во Наблус, првично изградена како римска црква, а подоцна, во 1187 година, претворена во џамија.

Палестинското Министерство за верски прашања ги осуди израелските напади врз џамиите во Стариот град и намерното палење на џамијата Ал-Наср.

Во соопштението, Министерството наведува: „Израелските сили во зори упаднаа во џамијата Ал-Наср во Баб ал-Саха во Стариот град, ја запалија и им забранија на пожарникарите да интервенираат, што доведе до големи оштетувања“.

„Израелските сили без предупредување упаднаа во неколку џамии во Стариот град, осквернавувајќи ги нивните ентериери“, се додава во соопштението.

Директорот на вакафот во Наблус, Насер ал-Селман, исто така, го осуди како брутален израелскиот напад врз џамиите во градот.

„Вакви акции не се забележани од Накбата во 1948 година, а тие ја покажуваат отворената непочит кон верските, моралните и меѓународните норми што го гарантираат правото на богослужба и пристап до светите места“, изјави тој.

Селман ги повика организациите за човекови права и правните институции веднаш да преземат мерки за да се спречат понатамошните израелски прекршувања врз верските и историските места.

Тензиите на Западниот Брег се зголемуваат, при што израелската Армија и нелегалните еврејски доселеници убиле најмалку 930 Палестинци и раниле речиси 7.000 други од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година, според Министерството за здравство.

Во јули, Меѓународниот суд на правдата ја прогласи долготрајната израелска окупација на палестинските територии за нелегална, повикувајќи на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар

Следно

Турско МНР: Туркије е против секоја акција која го таргетира правото на Сиријците да живеат во мир

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop