Турските обвинители започнаа истрага против Палудан и Вагенсвелд за палењето на Куранот

February 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските обвинители започнаа истрага против исламофобичните дански и холандски политичари под обвинение за поттикнување омраза и непријателство во јавноста и за навреда на верските вредности, јавува Агенција Анадолија (АА).

Овој потег уследи откако данско-шведскиот екстремист Расмус Палудан минатата недела во два наврати запали примероци од Куранот, прво пред Турската амбасада во Шведска, а потоа и пред џамија во Данска.

Едвин Вагенсвелд, крајно десничарски холандски политичар и водач на исламофобната група „Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“ (PEGIDA), искина страници од примерок на Куранот во Хаг, а потоа, како што е објавено на интернет, ги запалил искинатите страници во тепсија.

„Осомничените извршиле дела на јавно поттикнување јавна омраза и непријателство кон светите вредности на исламската вероисповед, Куранот и Пратеникот на исламот, и отворено ги навредуваа верските вредности што ги застапува дел од луѓето“, се наведува во соопштението на обвинителите во Анкара, главниот град на Туркије.

Многу муслимански држави, а особено Туркије, жестоко реагираа поради тоа што надлежните власти дозволија палење на Куранот.

Во Туркије и во многу други држави се одржаа бројни протести по сквернавењето на Куранот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седница на собраниската Комисија за европски прашања

Следно

Полицијата казни 143 возачи во Скопје

Latest from Blog

“БОМБА“: И Барса се вклучува во трката по Родри!!!

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ ДЕПОРТИРААТ МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ – Само една држава примател е од нашиот регион

Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка. На состанокот на Советот на ЕУ на

Максим Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен,

Максим Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен,
Go toTop