Турските безбедносни сили неутрализираа 36 терористи изминатата недела

January 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските сили неутрализираа 36 терористи изминатата недела, меѓу кои и терористи што се кријат преку границата во Ирак и Северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Од 1 јануари 2023 година неутрализирани се вкупно 2.237 терористи, изјави претставник на Министерството за новинарите во главниот град Анкара.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и бебиња, деца и жени.

Терористите на ПКК/ЈПГ често се кријат преку границата на Туркије во Северен Ирак и Сирија, каде што планираат напади врз турските сили или локалното население.

Од 1 јануари 2023 година терористичката организација извршила 526 напади во области што потпаѓаат во границите на антитерористичките операции на Туркије, а 1.529 терористи се неутрализирани, рече официјалниот претставник.

Во врска со илегалните премини во Туркије, официјалниот претставник истакна дека благодарение на ефективните безбедносни мерки, од 1 јануари 2023 година фатени се 13.758 лица кои се обиделе илегално да ги преминат границите на Туркије.

Вкупно 209.402 лица биле спречени да ја преминат границата.

Туркије е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти што сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.

Земјата, која веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот, презема нови мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.

– Туркије задржува неутрален став за руско-украинската војна –

Турски безбедносни извори ги негираа информациите дека Туркије дозволила минување на пловни објекти со минофрлачи пратени од Велика Британија за Украина преку Истанбулскиот Теснец.

„Тврдењето дека Туркије постапила спротивно на Конвенцијата од Монтре со дозвола за минување на минофрлачи пратени од Велика Британија за Украина низ теснецот не ја одразува вистината“, истакнаа изворите.

Туркије е прва земја што ја класифицираше ситуацијата како војна и презема ефикасни мерки од почетокот на руско-украинската војна, велат изворите.

„Во согласност со Конвенцијата од Монтре, до која прецизно се придржува од 1936 година, Туркије го суспендира минувањето на завојуваните страни низ теснецот.“

„Во овој опсег, од почетокот на конфликтот не е одобрен премин на воени бродови што носат знамиња на завојуваните страни.“

„Истовремено, Туркије го задржа својот неутрален став од почетокот на војната. Ние категорично ги отфрламе тврдењата што би го поткопале нашиот неутрален став.“

Нагласувајќи ја посветеноста на мирниот соживот, дијалогот, спокојството и просперитетот на крајбрежните земји кај Црно Море, се додава: „Сметаме дека постојната безбедносна рамнотежа треба да се одржува во рамките на ‘принципот на регионална сопственост’ и статус кво поставена со Договорот од Монтре, кој досега го применувавме неутрално, правично и воздржано.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тасевски најави нови оставки во М-НАВ: Ако директорите сакаат да работат со притисоци, нека си работат сами

Следно

Газа: Во Рафа од 7 октомври пристигнаа околу еден милион раселени Палестинци

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop