Турскиот претседател во новогодишната порака вети поддршка за мирот во Сирија и Палестина

December 31, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во новогодишната порака ја повтори посветеноста на Туркије за поттикнување мир и стабилност во Сирија, во нејзините сопствени граници и на палестинските територии, јавува Анадолу.

„Ќе ја обезбедиме сета потребна поддршка за да се осигуриме дека новата ера ги отвора вратите за траен мир, спокојство, стабилност и економски просперитет во Сирија“, рече Ердоган.

Пораката, споделена преку официјалниот профил на турското Претседателство на социјалната мрежа Х, ги нагласува приоритетите на администрацијата за следната година.

Ердоган се осврна и на долготрајната криза во Газа и Палестина, повикувајќи на прекин на насилството и воспоставување мир.

„Ние правиме интензивни напори да ставиме крај на масакрите кои траат во Газа и другите палестински територии веќе 15 месеци и да воспоставиме мир и таму“, рече тој.

Претседателот ја потврди намерата на Туркије да одигра клучна улога во регионалната реконструкција и градењето на мирот.

Прво, истакнувајќи ја домашната и регионалната безбедност, тој вети непоколебливи напори за борбата против тероризмот.

„Во наредниот период ќе преземеме решителни чекори за да ја реализираме нашата визија за Туркије без терор и регион без терор“, рече тој.

Ердоган рече дека Туркије се надева дека „нова ера започнува во 2025 година“ и на север од земјата.

„Наш приоритет останува војната меѓу Русија и Украина, на нашите соседи од Црното Море, да биде завршена со мир“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германската група за заштита на мигрантите предупредува на зголемени расистички напади по нападот во Магдебург

Следно

Нови построги мерки за прием на поклоници на Света Гора

Latest from Blog

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук

Трамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земја

Трамп  за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа  дека не сака конфликт со Кина, туку

Платите во Европа се разликуваат драстично: Ова се земјите со највисоки и најниски примања

Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во
Go toTop