Нови построги мерки за прием на поклоници на Света Гора

December 31, 2024
1 min read

Доставување барања за посета најмалку ден пред пристигнувањето; ограничен број поклоници во текот на месецот; посета само по одобрена покана, се дел од новите построги мерки што од утре стапуваат во сила за поклониците кои сакаат да ја посетат Света Гора, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите мерки, како што објавија грчките медиуми, се поради зголемената посетеност и со цел да се зачува монашкиот живот и молитвениот ред.

Поконкретно Светата заедница ги повикува верниците до Канцеларијата за поклоници да достават барање за посета најмалку еден ден пред пристигнувањето до 12 часот напладне, по што ќе треба да добијат одобрување.

Пристапот ќе биде дозволен само со официјални покани, а строго забрането е префрлувањето или барање за сместување во други ќелии или манастири без претходно одобрение.

За време на големите празнични периоди, ќе постои привремена флексибилност, но само со одобрение од Канцеларијата за поклоници.

Дополнително, не се дозволени групи од над пет лица со исклучок на студенти, ученици, млади или воени лица.

Според новите прописи што ги објавија медиумите, максималниот број на поклоници ќе биде строго ограничен и тоа: во општежителните скитови најмногу 200 месечно, во централните цркви на другите скитови 50 поклоници месечно, а во ќелиите максимално се дозволени 20 поклоници месечно.

Мерките ќе стапат во сила од 1 јануари 2025 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател во новогодишната порака вети поддршка за мирот во Сирија и Палестина

Следно

Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани уставни измени нема да има

Latest from Blog

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop