Турскиот претседател разговараше со челникот на ОАЕ за израелско-иранскиот конфликт и регионалната стабилност

June 17, 2025
1 min read

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес имаше телефонски разговор со шеик Мухамед бин Зајед ал Нахјан, челникот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), јавува Анадолу.

Според соопштението на Директоратот за комуникации при турското Претседателство, разговорот бил фокусиран на конфликтот меѓу Израел и Иран, билатералните односи и регионалните прашања.

„За време на разговорот, претседателот Ердоган рече дека спиралата на насилство предизвикана од нападите на Израел врз Иран претставува ризик за безбедноста на целиот регион, дека регионот не е во состојба да издржи уште една војна“, соопшти Директоратот.

Ердоган ги нагласил напорите за прекин на судирите преку дипломатски канали.

„Клучот за решавање на нуклеарниот спор со Иран е враќањето на преговорите“, нагласил тој.

Нагласил дека тековната ситуација не смее да ја засени тешката хуманитарна ситуација во Газа, предупредувајќи дека ако се случи тоа, Западниот Брег и Источен Ерусалим исто така може да бидат под закана од окупација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелскиот министер за одбрана му се закани на иранскиот лидер Хамнеи: Може да завршиш како Садам

Следно

Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop