Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ

June 17, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос на ветото и преговарачката рамка, но нагласи дека тоа не значи дека се согласува. Јас, нагласи таа, тоа го истакнав во текот на разговорот.

– Апсолутно репликата, ако така може да се каже, не ми е упатена мене, туку е реплика на она што го прави и мора да го прави ЕУ за да покаже дека во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето и оти таа е неразделна од заедничката надворешна и безбедносна политика, а ние многупати сме посочени како држава што е целосно усогласена со Европската надворешна и безбедносна политика, изјави денеска претседателката.

Едно е какво е личното државно доживување, истакна Сиљановска – Давкова, а друго е каква е реалноста. 

–  Јас тврдев, тврдам и знам дека сите европски политичари се свесни дека тажната неевропска македонска приказна нема да застане на нас, ќе биде една од следните приказни и покрај моето радување за напредувањето на некои држави во регионот, рече таа.

Претседателката на Македонија повтори дека ние не смееме да бидеме жртва на идентитетските прашања. 

Идентитетските прашања, појасни Сиљановска – Давкова, се надвор од било која преговарачка рамка бидејќи се надвор од Договорот за ЕУ од Лисабонскиот договор и од Повелбата за фундаментални права. Таму, подвлече, се гарантира националниот и културниот идентитет, не само на членките на ЕУ, туку и на кандидатите на ЕУ.

– Ние не бараме никаков ексклузивен статус. Ние бараме стандардно однесување во духот на она што постојано го повторувам. Сакам да живеам во стандардна европска држава, не сакам да биде мојата држава исклучок од сите други, правилата треба да важат за сите, изјави во Тирана Сиљановска – Давкова, која вчера учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ.

По средбата со претставници на Македонското национално малцинство во Албанија, на Македонската алијанса за европска интеграција, на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, како и со македонски дипломати и професори, таа денеска потсети дека ЕУ побара од неколку европски тинк – тенкови, меѓу кои и „Елија меп“  од Грција да изработи анализа и да предложи решение за надминување на опасноста од билатерализацијата, односно за употреба и злоупотреба на ветото во процесот на проширувањето бидејќи, како што истакна, денес проширувањето не е само европска демократска потреба, туку е насушна потреба за стабилизацијата и безбедноста на регионот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател разговараше со челникот на ОАЕ за израелско-иранскиот конфликт и регионалната стабилност

Следно

7 години Преспа: Договорот што од спор направи сојуз

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop