Цел ден натегања за нов Гувернер – името познато само на претседателката, ќе го дознае ли Собранието?!

May 21, 2025
1 min read

Цел ден исчекување кого ќе предложи претседателката Гордана Сиљановска Давкова за нов гувернер на Народната Банка. Иако уште утрово најави дека името е познато и дека него треба да го објави Собранието, до кого по Закон се доставува предлогот, само неколку часа подоцна, Претседателката иако го повтори ставот дека името се знае, дополни и дека до нејзиното заминување на службен пат документот ќе се допрецизира.

„Денеска ќе биде финализирано пред да заминам за Италија“, вели Гордана Сиљановска Давкова.

Ова беше кажано пред да се најави средбата со премиерот Христијан Мицкоски, кој отиде во резиденцијата на Претседателката за да го дознае името кое ќе се предложи до Собранието. Мицкоски тврдеше дека се до средбата, не знаел кој ќе е предложен од тројцата кандидати кои беа споменувани во јавноста.

„Јас ги знам имињата на кандидатите кои што беа на разговор со претседателката и за сите тие имам свое лично мислење. “, вели Христијан Мицкоски.

Претседателката во неделата имаше консултации со актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, како и со поранешните министри за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ Зоран Ставревски и Трајко Славески, кој во моментов е и претседавач на Советот на Град Скопје. Според Законот, нема никакви пречки до денот на стапување на функција, идниот гувернер да бил политички активен. 

„Законот не дозволува додека сте на функција, така вели членот, додека сте на функција, да знаете дека функцијата е инкомпатибилна со партиско членство. Така вели законот. Не вели дека ако сте биле некогаш, ние сме имале извонреден гувернер Петар Гошев кој што бил претседател на партија. Значи, немало проблем во тоа. Меѓутоа работата е во тоа додека вие функционирате да заборавите на партиски влијанија и да се водите од предизвикот на професијата“., вели Гордана Сиљановска Давкова.

Иако според Уставот гувернерот го предлага Претседателот на државата, неговиот избор треба да биде во координација со владејачкото мнозинство бидејќи за избор се потребни само 61 пратеник или просто мнозинство.

Мандатот на актуелната гувернерка Бежоска истече вчера и ова прв пат во историјата на Македонија во законскиот рок да не се изгласа наследник. Но, според Законот, се до избор на нов или реизбор на постојниот,  функцијата со потполни овластувања ја извршува Гувернерот чиј мандат е истечен.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавена големата прогноза за летото – еве што не чека!

Следно

Турција остро го осуди пукањето на израелските војници за време на посетата на дипломатите на Џенин

Latest from Blog

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е
Go toTop