Објавена големата прогноза за летото – еве што не чека!

May 21, 2025
2 mins read

Severe Weather ги објави своите најнови предвидувања за летото 2025 година, покажувајќи динамично време низ Европа. По раниот почеток со невообичаени временски шеми, средниот и подоцнежниот дел од летото ќе биде посув со зголемени шанси за топлотни бранови, се наведува во прогнозата, истакнувајќи дека тоа не се фиксни сценарија, бидејќи различни глобални фактори можат да влијаат на развојот на временските услови.

Натпросечни температури беа забележани во поголемиот дел од континентот во текот на пролетта. Сепак, повеќе врнежи се забележани во југозападна Европа, додека помалку врнежи од вообичаеното се забележани во северно-централните и северозападните делови.

Во последната недела од мај се очекува да се спушти нагласена аномалија на низок притисок над Европашто ќе донесе нестабилни временски услови и потенцијално сериозни катастрофи.

Времето на почетокот на летото

Гледајќи ги температурите, над континентот се предвидува аномалија на постуден воздух кој ќе се спушта од север. Натпросечни врнежи се очекуваат и во овој период во подрачјето директно зафатено со низок притисок, од северозападна и северна Европа кон централните и јужните делови.

Помали врнежи се очекуваат во југозападните и крајните југоисточни делови.

Севкупно, преодниот период помеѓу пролетта и летото „ќе биде динамичен низ Европа, со студен бран кој ќе донесе нестабилен период следната недела“, предвидува прогнозата.

На почетокот на јуни како резултат на северни до северозападни струи над централна Европа, може да очекуваме умерени температури, помалку влага и постабилни услови.

Гледајќи ги температурите, потопло од вообичаеното време се очекува во северозападните и јужните делови. Од друга страна, во централните и североисточните предели за јуни се предвидуваат нормални, дури и потпросечни температури. Помалку врнежи се очекуваат во западна, југо-средна и јужна Европа. Повеќе врнежи би можеле да ги зафатат Обединетото Кралство и Ирска, северноцентралните делови на континентот и североисточниот дел во област со низок притисок.

За своите прогнози, Severe Weather ги користи системите за прогнозирање ECMWF, UKMO и CANSIPS.

Прогноза за јули, август и септември

Кога станува збор за периодот јули, август и септември оваа година, летната прогноза на ECMWF покажува област со низок притисок над далечната северна Европа. Системот со висок притисок ќе го покрие и Северен Атлантик, над Обединетото Кралство и Ирска, но и централна Европа.

ECMWF предвидува натпросечни температури на поголем дел од континентот. Најтопли аномалии се очекуваат над централна Европа и делови од западот. Се очекуваат суви услови во областа на висок притисок. Малку повлажно ќе биде на крајниот север на Обединетото Кралство и Скандинавија.

На крајот, се предвидува поголем потенцијал за топлотни бранови од вообичаеното.

Вториот модел – UKMO, пак, исто така, предвидува потопло време од вообичаеното низ поголемиот дел од континентот. Оваа прогноза предвидува влијание на низок притисок на северозапад. Тоа значи повеќе врнежи во северна и северозападна Европа, југозападниот и југоисточниот дел да бидат претежно посуви од вообичаеното.

Долгорочна прогноза CANSIPS за трите летни месеци од 2025 година предвидува аномалија на висок притисок над северна и централна Европа. Како и другите модели, и овој очекува натпросечни температури во поголемиот дел од Европа, предизвикани од областа на висок притисок на север. Малку постудено ќе биде она на крајниот исток.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ: Еве колку пари треба да платат на наставничката

Следно

Цел ден натегања за нов Гувернер – името познато само на претседателката, ќе го дознае ли Собранието?!

Latest from Blog

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук

Трамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земја

Трамп  за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа  дека не сака конфликт со Кина, туку

Платите во Европа се разликуваат драстично: Ова се земјите со највисоки и најниски примања

Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во
Go toTop