Турција остро го осуди пукањето на израелските војници за време на посетата на дипломатите на Џенин

May 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) — Турција денес остро го осуди пукањето на израелските војници за време на посетата на дипломатите во Џенин, меѓу кои беше и еден од нејзините службеници од Конзулатот во Ерусалим, јавува Анадолу.

„Овој напад, кој ги загрози животите на дипломатите, е уште една демонстрација на систематското непочитување на меѓународното право и човековите права од Израел“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Таргетирањето дипломати претставува сериозна закана и за личната безбедност и за меѓусебното почитување и доверба што ги поткрепуваат меѓународните односи, се додава во соопштението.

Во него се повикува на итна истрага за нападот и одговорност.

„Ја повикуваме меѓународната заедница да го осуди овој опасен чин на најсилен можен начин и да преземе конкретни чекори за да се стави крај на неказнувањето на Израел“, се заклучува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цел ден натегања за нов Гувернер – името познато само на претседателката, ќе го дознае ли Собранието?!

Следно

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Latest from Blog

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е

Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите

МБИ10 со ново намалување: Над 13 милиони денари промет на берзанската сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.403,28 поени. Во однос
Go toTop