Театар Комедија во 2023 година стартува со претставата „Жени во Собрание“

January 24, 2023
2 mins read

Театар Комедија в петок ќе ја дочека публиката со обновена енергија и со подобрени услови за работа

Со обновена креативна енергија на ансамблот и со подобрени услови за работа, в петок на 27 јануари, Театар Комедија ќе ја крене завесата за претставите што ќе бидат изведени во вториот дел од сезоната 2022/2023 година. Според директорот Дарко Спасов, новата година театарот ја започнува со повеќе технички освежувања кои се од корист за продукцијата на претставите, но и за публиката, со посебен фокус на лицата со попреченост.

Со инвестиции од Министерството за култура, набавена е нова светлосна миксета, сервисирани се чигите, поставени се нови антипаник-врати. Обновен е и тоалетот за посетителите, вклучително со нов санитарен јазол за лицата со попреченост, – вели директорот Спасов.

Репертоарот на Театар Комедија во 2023 година стартува со претставата „Жени во Собрание“, која ќе биде изведена на 27 и 28 jануари, но и на 1 и на 2 февруари. Се работи за комедија работена според истоимениот текст на античкиот комедиограф Аристофан, во режија на Ќендрим Ријани.

Знаеме дека античките жени немале формална политичка моќ и права, а доколку имало такви – завршувале трагично (Клитемнестра, Медеја, итн.). Еден од малкуте примери каде што имаме впечаток дека добиваме далеку попозитивна верзија на женската моќ е комедијата на Аристофан „Жени во Народно собрание“, – вели драматургот на претставата, Билјана Крајчевска.

Нејзини, но и текстови од актерите-учесници се вклучени во драматизацијата на претставата. Таа ни открива дали доколку владеат жените ќе имаме похумани општества, или и поубавиот пол е склон кон екстреми.

На 4 февруари ќе биде изведена комедијата „Женска гардероба“. Работена е по текстот на чешкиот автор Арношт Голдфлам, а во режија на Наташа Поплавска. Претставата е направена од сопствени средства на Комедија, но и со финансиска помош на амбасадата на Република Чешка во Македонија и од стопански субјект од оваа европска држава.

„Женска гардероба“ е современа комедија која ни го открива и ни го покажува она што публиката најчесто не може да го види — животот на актерите зад сцена. Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува се гардеробата и театарот со сета негова магија и страст, – велат од Комедија.

На 10 февруари, пак, ќе биде изведена претставата „Илуминати“, работена според култниот филм на Алфред Хичкок „39 скали“, во режија на Синиша Евтимов. Театар Комедија и оваа претстава ја направи од сопствени средства во изминатава година.

Жанровски претставата е уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик. Приказната се одвива околу главниот херој, Кирил Балкан, што го толкува актерот Тино Костадиновски. Тој заедно со плејадата споредни ликови, вешто интерпретирани само од тројцата актери Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски, нè води низ својата животна приказна со несекојдневни патешествија, – се вели во најавата за овој театарски чин.

И покрај проблемите со коронавирусот, особено во првиот дел од 2022 година, Театар Комедија до крајот на годината го посетија вкупно 20.000 гледачи. Според директорот Дарко Спасов, театарот прави сè за годинава оваа бројка да се зголеми барем двојно.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛОКАЛИТЕТОТ ВЛАХО КАЈ ЖИВОЈНО Е НАЈСТАРАТА НЕОЛИТСКА НАСЕЛБА ВО МАКЕДОНИЈА, А И ЕДЕН ОД НАЈРАНИТЕ ВО ЕВРОПА, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

Следно

Нема пари во медиуми, а ни мерак

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат
Go toTop