Нема пари во медиуми, а ни мерак

January 24, 2023
1 min read

Шпекулацијата е дека Безос сака да го поседува НФЛ клубот Вашингтон Командерс, а дека во исто време, врз основа на некои случувања во Пост по кои беа најавени масовни отпуштања, повеќе нема намера да го чува весникот кој во 2013 го купи за 250 милиони долари.

Пост и Командерс имаат и претходна историја кога во 2020-та весникот објавува неколку негативни стории за клубот, посебно околу  начинот на кој тој е менаџиран, па дури и обвинувања за сексуално малтретирање. Дел од шпекулациите се дека дури и Безос во 2020 го охрабрил покривањето на сторијата за Командерс и неговиот сопственик Ден Снајдер.

Во меѓувреме е објавено и дека Банк оф Америка, ангажирана од Снајдер за продавање на клубот, и понатаму „работи на Безос, без разлика на индикациите дека Снајдер не сака нему да му го продаде клубот“.

Во приказната има и трет милијардер и тоа Мајкл Блумберг, кој наводно, иако Безос се уште нема јавно објавено намера да продава, е заинтересиран за купување или на Вашингтон пост или на Вол стрит журнал.

Инаку Безос никогаш немал намера да поседува весник, и во 2013 го купува Пост кога тогашниот сопственик Доналд Грем побарал од него да го купи за да му обезбеди финансиска стабилност и онлајн раст на весникот. По долги години зголемување на бројот на претплатниците и приходите, главно во времето на мандатот на Трамп, 2022 е првата година која весникот ќе ја заврши со минус.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Театар Комедија во 2023 година стартува со претставата „Жени во Собрание“

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Огромна дивоградба никнува кај Старата скопска чаршија

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop