ЛОКАЛИТЕТОТ ВЛАХО КАЈ ЖИВОЈНО Е НАЈСТАРАТА НЕОЛИТСКА НАСЕЛБА ВО МАКЕДОНИЈА, А И ЕДЕН ОД НАЈРАНИТЕ ВО ЕВРОПА, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

January 24, 2023
1 min read

Aрхеолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија е засега најстарата неолитска населба во Македонија, соопшти Центарот за истражување на предисторијата. Датирана во 64. век пред н. е.,  таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден од најраните неолитски локалитети во Европа.

Археологот Гоце Наумов од Центарот вели дека освен неговото екслузивно датирање, локалитетот Влахо е специфичен и по присуството на десетина ровови и објекти, што било  регистрирано со геофизичкото скенирање на неговиот простор. Археолошкото истражување на локалитетот го потврди постоењето на овие ровови, како и богатата стратиграфија сочинета од ранонеолитски слоеви во кои има остатоци од куќи од лепеж, белосликана керамика, фигурини, жртвеници, антропоморфни модели на куќи и алатки. Археоботаничките и археолошките анализи укажуваат на конзумирање храна од пченица, јачмен, леќа, грашок, јаболки, капини, говеда, овци, кози и свињи, и тоа уште во самите почетоци на овој особено значаен локалитет.

Локалитетот Влахо кај Живојно се истражува веќе неколку години во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола, при што се вклучени и стручњаци од Универзитетот од Базел, Шпанскиот национален совет за наука, Универзитетот во Белград, Завод и музеј – Прилеп, Институтот за старословенска култура, Археолошкиот музеј на Македонија и студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“. Различни сегменти од овие обемни мултидисциплинарни истражувања се подржани од германската Фондација за истражување и заштита на тумбите, Универзитетот во Базел, македонското Министерство за култура, шпанскиот Национален совет за наука, Фондот Западен Балкан и Европската Унија.

Резултатите добиени од мултидисциплинарното истражување на Влахо кај Живојно се публикувани во списанитето „Патримониум“, а уште неколку научни труда се дадени во печат во еминентни светски издавачки куќи, додава Наумов.

„Целта на авторите беше овие извонредни сознанија ексклузивно да бидат објавени пред македонската јавност и археолошката фела, после што следи и нивно скорешно публикување во неколку европски и американски списанија. Новите откритија за овој локалитет беа презентирани на меѓународниот собир на Европската асоцијација на археолозите во Будимпешта, како и на предавања во Рим и Берлин, така што археолошката заедница ја препозна специфичноста на оваа неолитска населба и го подржува нејзиното натамошно афирмирање. На тој начин овој археолошки локалитет постепено го добива своето заслужено место во академскиот свет, што ќе придонесе и за негово подобро презентирање пред пошироката јавност“, вели Наумов.

Б. НЕСТОРОСКА

 

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сараево меѓу најзагадените градови во светот

Следно

Театар Комедија во 2023 година стартува со претставата „Жени во Собрание“

Latest from Blog

Димитровски: Лажните вести нема да ја запрат модернизацијата на Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку јавно обраќање упати критики кон, како што наведе, „лажните вести и кочничарите“ кои ја критикуваат реализацијата на велосипедската инфраструктура во градот. Димитровски посочи дека Битола

Израелската армија тргна во акција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни

Мицкоски: Нема повеќе отстапки за идентитетот, без разлика на цената – Пленковиќ: Потребен е политички дијалог, блокадите не се благородни

Нема повеќе простор за идентитетски отстапки или чекори назад кога станува збор за националните определби, без разлика на цената на евроинтегративниот пат, вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, фокусот на Владата останува

Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на стратешка соработка

По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување,

Гана дефинитивно без Мохамед Кудус на Мундијалот

Поради повреда, играчот на Тотенхем, и интернационалец на Гана, Мохамед Кудус, ќе го пропушти претстојниот Мундијал поради повреда на мускулот на ногата. Селекторот на оваа афричка репреземтација Карлош Квеирош го објави конечниот
Go toTop