Светска банка: Штетата од земјотресот во Сирија проценета на 5,1 милијарда американски долари

March 3, 2023
1 min read

Најтешко погодена од земјотресот што се случи на 6 февруари во Сирија е северната провинција Алепо каде штетата според Светска банка изнесува 2,3 милијарди долари или 45 отсто од вкупната штета

Над пет милијарди американски долари изнесува штетата што ја претрпе Сирија од силниот земјотрес што минатиот месец  ги погоди северните делови на земјата разурната од војна и југоисточна Турција, соопшти денеска Светската банка.  

Штета предизвикана од земјотресот во градот Алепо, Сирија/Фото: EPA-EFE/SANA HANDOUT EDITORIAL USE ONLY

Според Обединетите нации во земјотресот што се случи на 6 февруари загинаа најмалку 50 000 луѓе, од кои околу 6 000 во Сирија, според Обединетите нации. Десетици илјади сè уште се водат како исчезнати, а стотици илјади останаа без покрив над главата. 

Во извештајот што го пренесува агенцијата Асошиејтед прес, Светската банка вели дека нивото на штета во Сирија е околу 10 отсто од бруто домашниот производ на земјата. 

Сириската северна провинција Алепо беше најтешко погодениот регион, со 45 отсто од вкупната штета во Сирија која изнесува околу 2,3 милијарди долари. Исто така, тешко погоден беше регионот на северозапад, контролиран од бунтовниците, дом на околу 4,6 милиони луѓе, многумина претходно раселени поради војната во Сирија. 

По Алепо следуваат северозападната провинција Идлиб, со проценета штета од 1,9 милијарди долари и Латакија, територија под контрола на владата со 549 милиони долари. 

Земјотресот донесе и мнoштво други неволји во Сирија, каде во речиси 12-годишната граѓанска војна загинаа речиси половина милион луѓе и предизвика раселување на половина од предвоеното население на земјата од 23 милиони жители. 

Светската банка предупреди дека сè уште постои значителен степен на неизвесност околу нејзината прелиминарна проценка. 

„Катастрофата ќе предизвика пад на економската активност, што дополнително ќе влијае на изгледите за раст на сириската економија“,

изјави Жан-Кристоф Каре, директор на Светската банка за Блискиот Исток. 

Штетата проценета во извештајот опфаќа и станбени и нестанбени сектори, како што се директни штети на згради и објекти, како и штети на објекти од културно наследство, што е особено тешко да се проценат. 

Во претходниот извештај Светска банка објави дека штетите во Турција од минатомесечниот земјотрес се проценуваат на 34,2 милијарди американски долари. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Албанија: Апелација ја поништи одлуката, печатот на ДП го доби крилото на Алибеај, за крилото на Бериша црн ден за правдата

Следно

Пронајден е мртов научникот кој ја развивал вакцината „Спутник“

Latest from Blog

Пет месеци по неговиот избор: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го прими Филипче во Вила Водно

Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ. Ова е прва средба на новиот претседател на СДСМ

Дел од општините сè уште немаат мерни станици – Дали воздухот во Македонија е многу позагаден отколку што мислиме?

Енормното загадување на воздухот е реалност што нè чека и оваа зима, иако не е официјално започната, речиси секој ден, освен кога има дожд и ветер граѓаните се гушат во висока концентрација

Парламентарци од Чешка во посета на Собранието на Македонија

Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија. Како што е најавено, чешката парламентарна делагација ќе биде примена

Какво ќе биде времето денес?

Времето денеска ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки
Go toTop