Си и Путин објавија заедничка изјава во која ги нападнаа САД

May 9, 2025
1 min read

Одредени земји се обидуваат да ги искриват резултатите од победата во Втората светска војна, порачаа кинескиот претседател Си Џинпинг и Владимир Путин.

Си Џинпинг е во посета на Москва по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, која Русија ја одбележува денеска како Ден на победата.

Ова е единаесетта посета на Си на Русија откако ја презеде функцијата во 2013 година. Тој и Путин вчера разговараа речиси четири часа, нарекувајќи се еден со друг „блиски пријатели“. Путин најави и посета на Кина на есен, каде што ќе се одбележи поразот на Јапонија во Втората светска војна.

Заедничката изјава отиде подалеку од претходните, директно обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави. „САД и нивните сојузници се обидуваат да го прошират НАТО кон азиско-пацифичкиот регион, создаваат затворени сојузи и се обидуваат да ги придобијат земјите во тој регион за нивната ’индо-пацифичка стратегија‘, со што го поткопуваат мирот, стабилноста и просперитетот во регионот“, се наведува во текстот.

Кина со години го дели руското мислење дека проширувањето на НАТО ја загрозува безбедноста. Исто така, тие порачаа дека „едностраните принудни мерки, вклучувајќи ги и економските санкции кои го заобиколуваат Советот за безбедност на ОН, ја кршат Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право и ја нарушуваат глобалната безбедност“.

Кина со години е во трговска војна со САД, а двете земји викендов треба да ги одржат почетните преговори за смирување на тензиите. Истовремено, САД ја притискаат Русија да се согласи на мировни преговори со Украина.

Во изјавата исто така се наведува дека Русија „цврсто ги поддржува кинеските мерки за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет и постигнување национално обединување“.

Иако Кина и Русија немаат официјален воен сојуз, тие имаат интензивна воена соработка. Според податоците на проектот ChinaPower, само минатата година одржале дури 14 заеднички воени вежби. На воената парада во Москва, која се одржува денеска, учествува и кинеска почесна гарда – првпат од 2015 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите плажи на Охридско-струшкото крајбрежје да ангажираат спасители на вода за претстојната сезона

Следно

Генерација Z и пазарот на трудот: Како младите ја гледаат својата иднина?

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop