Дуковски: Васил изрази најдлабоко можно каење, мора да се цени тоа што призна вина

May 9, 2025
1 min read

Сашо Дуковски, адвокатот на Васил Јованов кој ја умсрти младата Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје во близина на Универзалната сала, кажа дека Судот треба да го земе во предвид и длабокото каење на обвинетиот, и тоа што признал вина.

Дуковски рече дека денеска се покажало дека не се вистина сите обвинувања кон Васил дека возел брзо и дека е убиец и наркоман.

„Денска имавмте можност да видите дека сето она кое беше објавувано дека Васил е убиец, наркоман, возел со 170 на час, дека избегал од местото па после 3 часа дошол на лице место, се покажа како лага. Цело време на исказите на оштетените читаа од нивните мобилни телефони, што значи дека некој им ги подготвува говорите. Еден многу битен факт, се работи за човек кој има 20 години, категорично ја призна вината, ова не е првата ниту последна сообраќајка во Македонија, тоа покажува дека таква млада личност е личност со интегритет, и неговото семејство е такво, имаше доблест да признае и да се сноси со сите последици. Да оставиме институциите да си ги донесат пресудите и да донесат одлука врз основа на закон, а не врз основа на начелото „око за око, заб за заб“. Смртна последица е страшна работа, но Васил изрази најдлабоко можно каење“, изјави Дуковски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пијано дуото „Променада“ ќе одржи концерт во македонската филхармонија

Следно

Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop